Ката Ѓорѓиевска

Ката Ѓорѓиевска (во Кичево — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Учествувала во НОД од август 1942 година. Пренесувала пошта од Кичево до селото Кленоец. Подоцна била ползувана и за пренесување илегален материјал (брошури, билтени и др.) кој бил печатен од Месниот Комитет на КПМ - Кичево. Во нејзиниот дом биле одржувани илегални состаноци. Така, МК КПМ на Кичево и партиската организација во Кленоец, во март-април 1943 година се состанале кај неа за разгледување на можностите за формирање на Кичевски партизански одред. Heјзиниот дом бил магацин за оружје, муниција и храна за потребите на идниот партизански одред и оттука се носеле во базата на Лопушник. Таа исто така била активна во организирањето на жените од селото Извор.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1057.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya