Кленоец
Кленоец — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на десната страна на патот Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри.[2] Куќите на ова мало село се наоѓаат на тераса висока околу 900 метри. Околни села се: Извор, Горна и Долна Душегубица, Попоец и други.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Каменица, Угар, Осој, Соколица, Лопушник и други.[3] Селото е од збиен тип. Се разликуваат Горно и Долно маало.[3] Селото Кленоец се наоѓа во областа Горна Копачка, на 15 километри југозападно од Кичево. ИсторијаВо XIX век, Кленоец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство. Народното предание вели дека селото е доста старо. Но, и неговото население во текот на минатото се менувало. Остатоци од постарото население се црквиштата и гробовите.[3] Во историските извори, селото се споменува во 1476/77 година, кога имало 43 куќи.[3] СтопанствоАтарот е мал и зафаќа простор од 4 км2. На него шумите заземаат површина од 208 хектари, на пасиштата отпаѓаат 91 хектар, а на обработливото земјиште само 56 хектари.[2] Селото нема некоја значајна земјоделска функција.[2] Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 34 домаќинства со 132 жители христијани (Македонци).[4] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селата Кленоец и Душегубица (Горна и Долна) имало 580 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Кленоец имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кленоец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[7] Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Кленоец:[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9] Тоа е мало село, кое што во 1961 година броело 149 жители, а во 1994 година 22 жители, македонско население. Селото е во фаза на раселување.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Кленоец живееле 21 жител, сите Македонци.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 19 Македонци и 1 лице без податоци.[11] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКленоец е македонско православно село. Во селото нема староседелски родови, односно сите родови се доселени од Дебарско.[3] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Родовите во Кленоец се: Јаковчевци, Наумовци, Џунковци, Љакушовци, Танасковци, Лескаровци и Пампуровци. Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Јаковчевци (10 к.), Наумовци (4 к.), Љакушовци (7 к.), Танасковци (8 к.), Лескаровци (8 к.) и Пампуровци (3 к.), сите доселени од Клења и слават Петковден.[16] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Кленоец, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Малкоец и Попоец. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0768 според Државната изборна комисија, сместено во училишната зграда во селото Извор.[17] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[19] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[20] Културни и природни знаменитости![]()
Кленоец како тема во уметноста
Личности
ИселеништвоПо Втората светска војна настанало иселување на бројни жители. Се иселиле повеќе од десет домаќинства. Една група од иселениците живеат во селото Другово, другите живеат во Кичево, но и на други места.[3] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia