Катерина Крстева
Катерина Крстева (20 јули 1941, Велес — 9 јануари 2023, Скопје) — македонска театарска, филмска, телевизиска и гласовна глумица, позната како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гане“. ЖивотописКрстева била омажена за Мишо Ратковиќ, а на возраст од 49 години останала бремена по што го родила синот Александар. Набргу, нејзиниот сопруг починал, така што таа се грижела за синот како самохрана мајка. Александар живеел со мајка си, а починал во септември 2022 година.[1] Крстева починала на 9 јануари 2023 година во Скопје, а била погребана истиот ден на градските гробишта во Бутел.[2] Театарски улогиВо 1960 година, Крстева се вработила во Драмски театар - Скопје, од 1964 до нејзиното пензионирање работела во Македонски народен театар во Скопје. Првата улога во МНТ ѝ била онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година. Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991).[3] Покрај нејзиниот матичен театар МНТ, таа играла и во „Театарот за деца и младинци“ во Скопје, каде оставила траен белег со претставата „Црвенкапа“ (2001) во улога на "Бабата", која долги години ја играла. Таа долги години, од 1976 до 2017 година, била дел од радио-емисијата "Хихирику" со која имале претстави и концерти во "Универзална сала – Скопје", биле и неколку пати во: Австралија, Канада и Америка. Филмографија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia