Катина Иванова
Катина Иванова (родена на 1 јуни 1951 во Скопје - починала на 10 август 2023 во Скопје) — македонска театарскa, филмскa и телевизискa глумица. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Од 1978 година, таа станала член на ансамблот на Македонскиот народен театар, и работи сè до нејзиното пензионирање во 2016 година. Во 1998 година, таа била добитник на Наградата што ја доделува часописот „Екран“ за улогата во филмот „Џипси меџик“. ЖивотописКатина Иванова е родена на 1 јуни 1951 година, во Скопје. Дипломира на Факултет за драмски уметности во Скопје во 1977 година, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Илија Милчин. Во 1978 година, се вработува во Македонски народен театар, каде работела до нејзиното пензионирање во 2016 година. На сцената на МНТ, остварила 42 улоги, од кој повеќето главни и споредни улоги. Има остварено бројни филмски и телевизиски улоги. Играла во над 25 филмови и повеќе од 15 серии. Остварила главна улога во филмовите: Прва вечер, Нели ти реков, Време, води, Ангели на отпад, Џипси меџик, Држава на мртвите, Вистинска љубов и Железна приказна. Имала главни улоги и во сериите: Големи и мали, Наше маало, Македонски народни приказни и Преспав. ФилмографијаИванова остварила бројни филмски улоги:[1]
Награди
Наводи
2. МНТ, "IN MEMORIAN - КАТИНА ИВАНОВА (1951 - 2023)" Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia