Кафеава лента![]() Кафеава лента ― еден вид награда која е доделувана на победници на различни натпревари. На окружните и државните саеми во Соединетите Држави, кафеава лента е наградата за осмото место на натпревар.[1][2] Во Нацистичка Германија, „кафеавата лента“ била годишна јулска коњска трка која била возена во Минхен од 1934 до 1944 година.[3] Употреба како лента за подигање на свестаКафеавите ленти исто така претставуваат борба против тутунот и рак на дебелето црево (кафеава е заменска боја, темно сина е службена боја на лента за рак на дебелото црево). Кафеавите ленти биле предложени и од комичарот Џорџ Карлин, што значи „Јади гомна мајкоебачу“, како циничен одговор на преовладувањето на другите ленти како симболи на политички или општествени движења.[4] Интернет комедиската блогерка Али Брош од Hyperbole and a Half, им предложи на своите обожаватели да носат кафена лента за да ја подигнат свеста за нејзиниот блог, како и да ги поддржат „крајно возрасните луѓе ширум светот“.[5] Патрик Џејк О'Рурк индиректно предложил кампања со кафеава лента за борба против пролив:
Во Јужна Африка се носени кафеави ленти во знак на протест против нападите на фарми. Овие брутални напади насочени кон земјоделците се зголемуваат секоја година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia