Каја Шукова
Каја Шукова (1 јануари 1970 во Скопје) — македонска политичарка и инженерка-технолог. Таа ја вршела должноста министер за животна средина на Македонија од 2023 до 2024 година. Таа е кандидат за Градоначалник на Град Скопје. Таа е од редовите на СДСМ. ЖивотописШукова е родена на 1 јануари 1970 година во Скопје. Дипломира во 1995 година на Технолошко-металуршки факултет, на одделот Прехранбена биотехнологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Поголемиот дел од нејзината професионална кариера го поминува во областа на животната средина, урбанизмот и градежништвото. На функција министер преминува од функцијата државен секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, каде претходно била раководител на сектор за одржлив развој и инвестиции и советник во Одделението за подготовка на проекти во Секторот за одржлив развој. Во ова министерство работела и како советник во Секторот за меѓународна соработка, а била ангажирана и во Одделението за еко-менаџмент. Првиот работен ангажман во животната средина го бележи во некогашното Министерството за градежништво, урбанизам и животна средина во периодот ноември 1998 година до јануари 1999 година, што значи од самото формирање на министерството. Професионалните предизвици ги бележи и во приватниот сектор. Работела во неколку компании, како Пивара Скопје, каде била ангажирана како погонски инженер, одговорна за производство на пиво и безалкохолни пијалоци, а работела и во МОТО ТРЕЈД-Скопје и АИВА БЕК-Скопје. Освен македонскиот јазик, активно го зборува англискиот јазик и има познавања и од германскиот јазик. Има исклучителни познавања од областа на проектен менаџмент и управување и планирање на животната средина. Учествувала во подготовка на законски акти, хармонизација и процес на скрининг и преговори со ЕУ. Нејзините клучни квалификации се од областа на управување со животната средина во насока на одржлив развој и заштита на воздух, води, почви и природни ресурси од загадување. Потоа, развивање на политики, програми и проекти од областа на животна средина и одржлив развој, како и координација на институционални и инфраструктурни проекти од областа животна средина, со особен акцент на управување со води и отпад; координација на институционални проекти од сегментот одржлив развој во Македонија, како и подготовка на работни задачи, тендерски досиеја, анализи, извештаи и останати работни документи од областа животна средина и фасилитирање на работилници, семинари, обуки, јавни дебати и сл. Во нејзината професионална кариера завршила повеќе обуки и успешно реализирала бројни проекти и активности од областа на животната средина. Листата на тековни лидерски позиции во проекти во кои учествува Шукова е огромна. Таа е копретседател на Поткомитет за транспорт, енергетика, регионален развој и животна средина; член на Комитет за европски интеграции; претседател на Управен комитет на Програмата за заштита на природата, SECO, Swiss; член на Координативно тело при Владата на Македонија за Преспа. Вклучена е во координирање на проект за воспоставување на регионално управување со отпад во 5 региони во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион; во утврдување на потенцијална помош во областа животна средина од донатори и фондации; имплементација на предпристапна помош на ЕУ - ИПА - процес на програмирање и имплементација на ИПА 2 и ИПА 3, како и во многубројни други проектни активности на национално и меѓународно ниво. Таа е кандидат на СДСМ за градоначалник на Град Скопје за Локалните Избори во 2025 година.[1][2][3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia