Квалитативна неорганска анализаКвалитативната неорганска анализа го анализира присуството на некој хемиски елемент или неорганско соединение во еден примерок за анализа. Идентификација на катјони1ва аналитичка група на катјониВо 1вата аналитичка група на катјони спаѓаат: Ag+, Hg2+ 2ра аналитичка група на катјониВо 2рата аналитичка група на катјони спаѓаат: Cd2+, Bi3+, Cu2+, As3+, As5+, Sb3+, Sb5+, Sn2+, Sn4+ и Hg2+. Во реакција со групниот реагенс, сулфуроводородна киселина, се таложат како сулфиди. 3та аналитичка група на катјониВо 3та аналитичка група на катјони спаѓаат: Fe2+, Fe3+, Al3+ и Cr3+. Во реакција со групниот реагенс, амониум хидроксид, се таложат како нерастворливи хидроксиди. Реакцијата се изведува на pH од 8–9, што се постигнува со додавање на пуферски раствор. 4та аналитичка група на катјониВо 4та аналитичка група на катјони спаѓаат: Zn2+, Ni2+, Co2+ и Mn2+. Во реакција со групниот реагенс, амониум сулфид во базна средина, се таложат како слабо растворливи сулфиди. 5та аналитичка група на катјониВо 5та аналитичка група на катјони спаѓаат: Ba2+, Ca2+ и Sr2+. Во реакција со групниот реагенс, амониум карбонат во базна средина, се таложат како карбонати. 6та аналитичка група на катјониКатјоните кои остануваат после внимателно одделување на претходните групи се вбројуваат во шеста аналитичка група. Тука спаѓаат: Mg2+, Li+, Na+ и K+. Идентификација на анјони |
Portal di Ensiklopedia Dunia