Кевин Фоланд
Кевин Фоланд (роден на 30 јули 1992 во Марктобердорф) — германски фудбалер, напаѓач на Бајер Леверкузен и на германската репрезентацијата. Својата професионална кариерата ја започнал во Минхен 1860 во 2010 година од каде во летото 2012 се преселил во Хофенхајм. Клупска кариераМинхен 1860Фоланд започнал да игра фудбал во клубот Талхофен. На возраст од 13 години тој прешол во младинските категории на Меминген, кој во тоа време играл на најголемиот турнир за јуниори на регионално ниво. После летото 2006 година тој се преселил во редовите на Танхаузен, да продолжи да игра на исто ниво. Во летото 2007 година тој бил примен во академијата на Минхен 1860, која, исто така, му дала место во младинскиот интернат на клубот. Во рамките на подготовките за сезоната 2010/11 тренерот на "лавовите" Рајнер Маурер одлучил да го повика Фоланд, како и неговите врсници Мориц Лајтнер, Даниел Хофштетер и Маркус Цирајс (со кој Фоланд заедно живеел во интернатот) да се прикучат на тренинзите со првиот тим. Кевин бил целосно вклучен на подготовките на тимот за сезоната и играл во 12 од 14-те пријателски натпревари тоа лето. Тој (како и Лајтнер) го направил своето деби во официјален натпревар за клубот во натпревар од купот на Германија против Ферл на 14 август 2010. Тој се појавил во игра на тој натпревар како замена влегувајќи на местото на Џорџе Ракиќ. На 26 септември 2010, Фоланд дебитира во Втора Бундеслига за Минхен 1860 во натпревар против Аугсбург. Пред зимскиот одмор, тој влегувал во игра од клупата за резерви уште во 6 натпревари. Во јануари 2011 година, Фоланд потпишал договор со бундеслигашот Хофенхајм во трајност до 2015 година, но останал во Минхен на заем. Заемот бил договорен до пред почетокот на летото на 2012 година, но Хофенхајм имал можност да го врати играчот назад и во зимата на сезоната 2011/12.[1] Во натпреварот против Оснабрик Фоланд за првпат бил вклучен во почетната постава. Во тој натпревар, тој, исто така, го постигнал својот прв гол за "Лавовите" во официјални натпревари. Во преостанатите 15 средби од сезоната, младиот напаѓач постојано се наоѓал на теренот од првата минута, и постигнал 5 гола и имал уште 4 асистенции. По завршувањето на сезоната тој повторно играл за младинскиот тим на Минхен 1860 до 19 години, кој стигнал до завршната фаза на првенството за млади во Германија. Во двете средби со врсниците од Кајзерслаутерн, тој бил на терен од почетокот на натпреварот, но тоа не им помогнало на младите фудбалери на Минхен да победат. Новата сезона започнала добро за него како и за тимски соиграчи. Во првите 6 натпревари Кевин постигнал четири гола. Во средината на ноември, било објавено дека "Хофенхајм нема да ја искористи можноста да го врати својата напаѓач во клубот"[2] Во првата половина од сезоната Фоланд беше најдобар стрелец на тимот, постигнувајќи 10 гола во 21 официјален натпревар. На крајот на сезоната тој бил водечки стрелец на тимот со постигнати 14 голови. ХофенхајмКако што било договорено, летото 2012, Фоланд му се приклучува на Хофенхајм и го добива дресот со број 31 за претстојната сезона. Своето деби во Бундеслигата Фоланд го имал на 25 август 2012 против Борусија Менхенгладбах, кога го одиграл целиот натпревар на позицијата втор напаѓач зад Ерен Дердијок.[3] Својот прв погодок за Хофенхајм, Фоланд го постигнал на 3 ноември 2012, во победата над Шалке 04 со 3-2 на домашен терен. Тој го отворил резултатот во 13-тата минута на асистенција на Фабијан Џонсон.[4] Бајер ЛеверкузенНа 20 мај 2016 година, Фоланд му се придружил на Бајер Леверкузен потпишувајќи петгодишен договор со клубот, откако претходно Баер му исплатил на Хофенхајм 18 милиони евра надомест за трансферот на играчот.[5][6] Личен животТатко на Кевин е поранешен член на репрезентацијата на Германија во хокеј на мраз-Андреас Фоланд. Кевин исто така играл хокеј пред да почне да тренира фудбал. Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia