Кенигслутер
Кенигслутер (службено наречен Кенигслутер на Елм; германски: Königslutter am Elm) — град со околу 16.000 жители во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Географија![]() Градот се наоѓа во средишниот дел на Природниот парк Елм-Лапвалд и на североистоќната страна на пошумениот врв Елм. Блиски големи градови се Брауншвајг на околу 23 километри западно и Волфсбург на околу 20 километрисеверно; окружниот град Хелмштет се наоѓа на околу 15 километри источно од Кенигслутер. Низ Кенигслутер поминува познатиот пат на фахверкот. Соседни општиниСледниве градови и општини граничат со Кенигслутер (од север надесно):
Градски единици
Кон Кенигслутер на Елм припаѓа и населбата Лангелебен на Елм. ПрипојувањаДо нивното припојување во 1924 година, селата Оберлутер и Штифт Лутер (Кајзердом) претставувале посебни општини. Големо проширување градот доживеал при административната реформа во Долна Саксонија од 1 март 1974 година, кога се припоиле општините Бајенроде (од Гифхорн), Бојмшторф, Борнум на Елм, Гленторф, Грос Штајнум, Клајн Штајмке (од округот Гифхорн), Лауинген, Лелм, Оксендорф, Роде (обете од округот Гифхорн), Ризеберг, Ротенкамп, Роторф, Шепау, Шикелсхајм, Зунштет и Ури (од округот Гифхорн).[3] Историја![]() Село наречено „Лутере“ (Lûtere) во Војводството Саксонија било првпат споменато во декрет од 1135 година, кога царот Лотар III основал бенедиктански манастир посветен на Светите Петар и Павле. Црквата претставува голема романескна базилика, каде се закопани тој и неговата сопруга Рихенза Нортхајмска, како и неговиот зет, велфскиот војвода Хајнрих Гордиот. Местото било именувано по блискиот карстен извор на потокот Лутер (од средногорногерманскиот јазик: lauter, „чист“). Воден замок бил изграден околу 1200 година и во 1318 година била забележана околна населба како пазарен град. Околу 1400 година, војводите на Брауншвајг ѝ доделиле на населбата градски права. Од XIV век натаму, местото било наречено Конигеслутере (Konnigesluttere), во чест на царот Лотар III. Сместен на трговскиот пат од Брауншвајг до Магдебург (денешниот автопат 1), производството на пиво и ископување на варовник биле главните индустрии во раното ново време, додека манастирот се развил како свето одредиште. До 1924 година, манастирот и блиската населба Оберлутер (Oberlutter) биле споени како град. Манастирската црква е позната по своите скулптури и гробот на царот. Меѓународни односиЗбратимени градовиКенигслутер е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia