Кипар (римска провинција)![]() Кипар бил сенатска провинција во рамките на Римската Империја. Иако мала провинција, поседувал неколку добро познати религиозни светилишта и значајно се истакнувал во трговијата на Средоземното Море, особено во производството и трговијата на кипарскиот бакар. Островот Кипар се наоѓал на стратешки важна позиција по источните средоземни трговски патишта и во текот на првиот милениум пред нашата ера бил контролиран од разни империјални сили како што се Асирците, Египќаните, Македонците, и на крајот Римјаните. Кипар е анектиран од Римјаните во 58 година п.н.е., но контролата врз островот се менува помеѓу Римјаните и Птоломејското кралство до 22 година п.н.е. кога Кипар официјално го добива статусот на сенатска провинција.[1] Од Битката кај Акциум во 31 година п.н.е. до седмиот век со Кипар управувале Римјаните. Кипар официјално влегува во рамките на Источното Римско Царство во 293 година од н.е.[2] Под римска власт Кипар бил поделен на четири главни области: Саламин, Пафос, Аматунда и Лапaтос.[3] Пафос бил главен град на островот, сè додека Саламин не бил одново изграден како Константија во 346 година од н.е. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia