Галатија (римска провинција)
![]() Галатија е името на провинцијата на Римската Империја во Анадолија (денешна средишна Турција). Основана била од првиот император Август (самостојно владеел 30 п.н.е. - 14 н.е.), во 25 п.н.е., опфаќајќи го поголемиот дел од некогашната независна Келтска Галатија, со главен град на Анкира. Според тетрархиските реформи на Диоклецијан, нејзините северни и јужни делови биле поделени за да го створат јужниот дел на провинцијата Пафлагонија и провинцијата Ликаонија, редоследно. Во ок. 398 година, за време на владеењето на Аркадиј, таа била поделена на провинциите Прва Галатија (Галатија Прима) и Втора Галатија (Галатија Секунда) или Салутарис. Прва Галатија го покривала североисточниот дел на старата провинција, задржувајќи ја Анкира како главен град и била водена од конзулар. Салутарис ја сочинувала југозападната половина од старата провинција и била предводена од пресиди, со седиште во Песинунт. И двете провинции биле дел од Диецезата Понт. Провинциите биле кратко обединети во 536-548 година под Јустинијан I. Иако подрачјето на крајот било вметнато во новата тема Анадолија во втората половина на VII век, трагите од старата провинциска администрација преживеала до почетокот на 8 век. Управници(Список заснован на Бернар Реми, Les carrières sénatoriales dans les provains romaines d'Anatolie au Haut-Empire (31 av. Ј.- Ц. - 284 апр. Ј- Ц.) (Истанбул: Institut Français d'Études Anatoliennes-Georges Dumézil, 1989).)
(Помеѓу 70 и 111 година н.е. Галатија била комбинирана со Кападокија.)
Црковна администрацијаСпоред каноните на Халкидонскиот собор (451) и Синекдемот на Хиерокле (околу 531), провинцијата Прва Галатија ја имала Анкира како нејзино митрополитско седиште, со шест епископски седишта: Тавиум, Аспона, Кина, Лаганија или Анастасиопол, Мнизос и Јулиопол.[1][2] Според каноните на Халкидонскиот собор и Синекдемот, провинцијата Втора Галатија го имала Песинунт како свое митрополитско седиште, со осум епископски седишта: Оркистос, Петинесос, Амориум, Кланеос (отсутен во Халкедон), Трокнадис, Евдокија, Мирика и Герма или Миријангелон.[3] Песинунт паднал во распаѓање кога Јустинијанопол бил основан во средината на 6 век и на крајот тука бил префрлен митрополитското седиште, додека ја задржувал својата титула.[4] Наводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia