Системот бил квазидекаден, заснован на јонскиот броен систем и се пишувал со соодветни графеми од кирилицата. Секоја единица (1, 2, ... 9) имала своја буква, како и секоја десетка (10, 20, ... 90) и секоја стотка (100, 200, ... 900). Броевите се запшишувале од лево на десно со исклучок на броевите од 11 до 19. Тие биле пишувани од десно на лево. Броевите се разликувале од текстот по тоа што врз нив се придодавало титло. Доколку бројот бил поголем од 1000, бил употребуван знакот за илјадници се пишувал пред бројката ҂ и по него се пишувал бројот на илјадницните со соодветните букви.
Примери:
— 1706
— 7118 година по библиски стил, еднаква на 1610н.е.)