Кирли Дервент
Кирли Дервент (грчки: Κιρλί Ντερβέν, турски: Kirli Dervent, во превод Валкан Превој) — планински превој во Леринско, Егејска Македонија.[1] ОписПревојот се наоѓа ма височина од 760 м меѓу ридовите Кара Дуру (1.009 м, дел од Нередска Планина) на запад и планината Мала Ниџе (Стрмно Брдо, 857 м, дел од Ниџе) на исток.[1] Во Кирли Дервент се наоаѓа селото Церово.[2] Претставува важна сообраќајница која ја поврзува котлината Пелагонија на север со котлината Сариѓол на југ, и низ него минува државниот пат Елевсина - Негочани (EO3) и железница. Превојот е кривулест и широк 100-300 м со стрмни карпести страни високи до 1000 м.[3][4][5] ИсторијаНиз историјата на овој превој се случиле бројни вооружени судири. Во 358 г. п.н.е. се одиграла Битката во долината на Еригон, веднаш западно од Кирли Дервент, во која Филип II Македонски им нанел решителен пораз на Дарданците.[6] На 19 октомври 1912 г. за време на Првата балканска војна превојот бил заземен во заедничка акција на грчката армия и Костурската соединета чета на војводата Васил Чакаларов.[7] На 19 август 1916 г. во Првата светска војна за време на Леринската битка, VIII пешадиска тунџанска дивизија на Бугарската армија успеала да го заземе Кирли Дервент по тешки борби со Антантата. Во Втората светска војна превојот е освоен од I оклопна СС-дивизија „Телесна гарда на Адолф Хитлер“ по ожесточената Битка кај Баница. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia