Церово (Леринско)
Церово (грчки: Κλειδί, Клиди; до 1926 г. Τσέροβο(ν), Церово(н)[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 66 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3] ГеографијаСелото е сместено 23 км југоисточно од Лерин и 10 км северно од Суровичево во превојот Кирли или Кирли Дервент меѓу најисточните падини на Нередска Планина и Мала Ниџе. Крај него минува железничката линија железничката линија Солун - Лерин - Битола, како и автопатот со истите одредишта (ЕО3). ИсторијаДревномакедонско времеВо преминот Кили Дервент се откриени остатоци од пат древномакедонско време кој се поврзувал околу Горно Врбени или Суровичево со Вија Егнација. На ридот крај денешното село има тврдина со ѕидини дебели 2,2 метри. Овој превој во подлабоката антика ја претставувал границата меѓу Линкестида и Македонското Кралство. Тука според Тукидид во 423 г. п.н.е. се одиграла битката на спартанскиот војсководец Бразид и македонскиот цар Пердика против силите на линкестидскиот крал Арабеј. Во Отоманското ЦарствоВо XIX век Церово е заведено како чисто македонско село. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) Црево како македонско село.[4][5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Церово (Tzérovo) имало 30 домаќинства од 76 жители Македонци.[6][7] Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Церово:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Церово (Цѣрово) во 1900 г. живееле 300 Македонци христијани.[6][9] На почетокот на XX век во селото работеле двете странски пропаганди. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во селото има 200 Македонци под Бугарската егзархија и 200 Македонци под Цариградската партијаршија; селото имало и бугарско и грчко училиште. На крајот од 1900-тите грчката црква се повлекла, и целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Џерово се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 54 куќи.[11] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Церово се состоело од 60 македонски куќи.[3] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 402 жители.[3] За време на Првата светска војна селото за кратко било под окупација на бугарската армија (8. пешачка тунџанска дивизија) во рамките на нејзината Леринска операција. По напредувањето на Антантата во октомври 1916 г. бугарските единици се истиснати од селото, и повторно ѝ е вратено на Грција со Нејскиот мировен договор. Во 1920 г. во селото живееле 71 семејства со 399 жители, а во 1928 г. Церово имало 492 жители.[3] во 1926 г. селото е преименувано во Клиди.[12] Во 1931 г. полициските органи направиле список на „докажано антигрчките“ жители на селото. Според грчки документ од 1932 г. во селото имало 80 македонски семејства, од кои 65 биле со изјавена сопствена национална свест[13]. Во 1940 г. селото се зголемило на 620 жители. За време на Втората светска војна во април 1941 г. селото потпаднало под бугарска окупација и воспоставена е бугарска општинска власт.[14] Во 1945 г. властите го водат Церово како село со 650 македонојазични жители,[13] од кои 400 со „негрчка национална свест“, а 200 со „неутврдена“. Церово, за разлика од повеќето села во тоа подрачје, не настрадало во Граѓанската војна, но неговото население нагло се намалило во 1950-тите и особено 1960-тите поради значајни иселувања во Австралија, САД и Канада. Силно намалување е забележано и во првото десетлетие на XXI век, кога населението е повеќе од преполовено. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото се смета за доста богато. Произведува жито, тутун, кромид и анасон. Делумно е застапено и сточарството.[3] Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia