Воздушен поглед на штетите на селата и инфраструктурата по циклонот Сидр, кој го зафатил јужниот дел на Бангладеш во 2007 година.
Климатските промени се битно прашање во Бангладеш,[1] бидејќи земјата е една од најранливите на последиците од климатските промени.[2][3] Во публикацијата за 2020 година на Индексот за климатски ризик на Германватч, државата бил рангирана на седмото место на листата на земји најпогодени од климатски катастрофи во периодот од 1999-2018 година.[4] Погоденоста на Бангладеш на ефектите од климатските промени зависи од комбинацијата на географски фактори, како што е неговата рамна, ниска и делта-изложена топографија[5] и социо-економски фактори, ја вклучува и големата густина на населението, нивото на сиромаштија и зависноста од земјоделството.[6] Влијанијата и потенцијалните закани вклучуваат пораст на нивото на морето, пораст на температурата, криза за храна, суши, поплави и циклони.[7]
Фактори како што се чести природни катастрофи, недостаток на инфраструктура, висока густина на население (174 милиони луѓе кои живеат на површина од 147.570 км2)[8], екстрактивистичката економија и социјалните разлики ја зголемуваат ранливоста на земјата во соочувањето со сегашните променливи климатски услови. Скоро секоја година големите региони на Бангладеш се погодени од од поинтензивни катасрофи како циклони, поплави и ерозија. Споменатите негативни настани го забавуваат развојот на земјата со тоа што ги доведуваат социо-економските и еколошките системи речиси до границите на колапс.[8]
↑Ayers, Jessica; Huq, Saleemul; Wright, Helena; Faisal, Arif M.; Hussain, Syed Tanveer (2014-10-02). „Mainstreaming climate change adaptation into development in Bangladesh“. Climate and Development. 6 (4): 293–305. Bibcode:2014CliDe...6..293A. doi:10.1080/17565529.2014.977761. ISSN1756-5529.
↑ (Report). Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)