Поплава е природна појава (непогода), којашто се појавува заради високиот водостој во реките и езерата, поради што водата се прелива или излива од коритата и го поплавува околното подрачје. Причините што водат до висок водостој во реките и езерата се најчесто топење на снегот, обилни врнежи од дожд или некоја голема бура, попуштање на брана и сл.
Поделба
Според начинот и брзината со која се формира бранот, поплавите се делат на три групи:
Мирни поплави, кои најчесто се случуваат на големите реки и кај кои е потребно 10 или повеќе часови да се формира поголем бран.
Буични поплави, кои најчесто се појавуваат кај планинските реки, каде голем воден бран се формира за помалку од 10 часа.
Ненадејни поплави, кај кои водниот бран се формира веднаш, а се случуваат кога ќе дојде до рушење на брана.
Најчесто крај реките што се склони за излевање се градат најразлични одбранбени механизми што се користат во случај на поплава. Такви механизми се: насипи, брани, одводни канали, резервоари, крајбрежни ѕидови.
Поплавата како тема во уметноста и во популарната култура