Клиф Ричард
Сер Клиф Ричард (англиски: Cliff Richard; родено име: Хари Роџер Веб; 14 октомври 1940) ― англиски пејач и глумец со британско и барбадоско државјанство.[2] Во Обединетото Кралство продал преку 21,5 милиони синглови и таму е трет најпродаван музичар, веднаш зад Битлси и Елвис Присли.[3] Ричард прво бил претставен како бунтовен рокенрол-пејач во стил на Присли и Литл Ричард.[4] Со неговата група Shadows, доминирал на британската популарна музичка сцена во периодот пред Битлси, кон крајот на 1950-тите и на почетокот од 1960-тите.[5] Неговиот хит од 1958 година „Move It“ често се опишува како прва вистинска британска рокенрол-песна. Во раните 1960-ти, тој имал филмска кариера и глумел во филмови како „Младите“, „Летен одмор“ и „Прекрасен живот“ и негова сопствена ТВ-емисија на Би-би-си. Живот и кариера1940 ― 1958: Детство и младостКлиф Ричард е роден како Хари Роџер Веб на 14 октомври 1940 година во Лакнау, кој тогаш бил во Британска Индија. По Убиствата во Калкута во 1946, неговите родители одлучиле да се преселат во Англија.[6] Тој има три сестри, Џоан, Жаки и Дона (1942 ― 2016).[7][8] Во 1948 година, по Индиската независност, со семејството се преселиле во Черхалтон, Северен Сари. Таму Хари Веб се запишал во основно училиште. Во 1949 г., неговиот татко се вработил во Thorn Electrical Industries и семејството се преселило во Волтам Крос, Хертфордшир. Од 1952 до 1957 година посетувал средно училиште во Чешунт. Потоа почнал да работи како службеник во Atlas Lamps.[9] Хари Веб се заинтересирал за фолк-музика (скифл). На 16-годишна возраст, татко му му купил гитара, а во 1957 година ја основал училишната група The Quintones,[10] а подоцна станал пејач во групата Dick Teague Skiffle.[11] 1958 ― 1963: Успех и слава![]() Хари Веб станал водач на рокенрол-групата, Drifters. Хари Греторекс го убедил новопечениот рокенрол-пејач да го смени своето име. Го прифатил името Клиф зашто на англиски значи „карпа“, што навестува на „Рок“ (исто така на англиски значи карпа). Текстописецот на „Move It“ Ијан Семвел му го предложил презимето „Ричард“ според името на музичкиот идол на Веб, Литл Ричард.[4] Во 1958 година, неговата група го сменила името во „Cliff Richard and the Drifters“. Агентот Џорџ Ганџу ја видел групата на настап во Лондон и ги препорачал на проба кај Нори Парамор.[12] За сесијата на Ричард, Парамор му ја дал песната „Schoolboy Crush“, претходно снимена од Американецот Боби Хелмс. На Ричард му било дозволено да сними една своја песна на Б-страната; тоа било песната „Move It“. ![]() Синглот се искачил на второ место на Топ-листата за синглови во Велика Британија. Џон Ленон за „Move It“ рекол дека тоа е прва британска рок-плоча.[13] Во раните денови, Ричард се рекламирал како британски еквивалент на Елвис. Како и другите британски рокери, како Томи Стил и Марти Вајлд, Ричард се облекувал и имал фризура како Елвис. Кон крајот на 1958 и почетокот на 1959 година ги отпеал песните „High Class Baby“ и „Livin' Lovin' Doll“, а по нив и „Mean Streak“, преработката на песната од Лајонел Барт „Living Doll“. „Living Doll“ била негова прва песна на врвот на топ листата. Во тоа време, со доаѓањето на Џет Харис, Тони Михан, Хенк Марвин и Брус Велч се променил и составот на групата. По правните усложнувања со американската група Drifters, и затоа што „Living Doll“ се пласирала на американската топ-40 листа ― лиценцирана од ABC-Paramount, групата била обврзана да го промени своето име во „The Shadows“. „Living Doll“ била искористена во дебитантскиот филм на Ричард, Сериозно полнење, но била преаранжирана како кантри-песна, наместо изворниот рокенрол-звук. Ричард, а особено the Shadows, никогаш не стекнале статус на ѕвезди во САД. Во 1960 г. биле на турнеја низ Соединетите Американски Држави и биле добро примени, но слабата поддршка и распределба од американските издавачки куќи се покажало како пречка за долгорочен успех и покрај неколкуте песни што Клиф Ричард ги имал на топ-листите, како „It's All in the Game“. Ричард и неговата група се појавиле на Шоуто на Ед Саливан, кое било клучно за успехот на Битлси, но настапите во оваа емисија не им помогнало да станат успешни во Северна Америка. Ричард и the Shadows глумеле во шест играни филмови, првиот филм Сериозно полнење од 1959 година, но уште позабележани биле во Младите, Летен одмор, Прекрасен живот и Чувари на пронаоѓачи. Овие филмови создале посебен жанр, познат како „Клиф Ричард мјузикли“ и придонеле Ричард да биде прогласен за најголема занимливост во киноблагајните во Британија во 1962 и во 1963 година, победувајќи го дури и Џејмс Бонд.[14] Насловната песна на The Young Ones станал негов најпродаван сингл во Обединетото Кралство, продаден во над еден милион копии во ОК.[15] 1964 ― 1975: Променети околностиКако што било случај и со другите рок-музичари во Британија, кариерата на Клиф Ричард во 1963 и 1964 година била под влијание на појавата на Битлси. Тој и понатаму бил популарен и имал хитови на топ-листите во текот на 1960-тите, но не она ниво што го имал порано. Нему, не му се отвориле вратите на американското трговиште; и покрај четирите хитови на Hot 100 (вклучувајќи ги и најдобрите 25 „It's All in the Game“) помеѓу август 1963 и август 1964 година, тој не се сметал за дел од британската инвазија, американската публика малку знаела за него. Ричард глумел во филмот Two a Penny од 1967 година, издаден од World Wide Pictures на Били Греам, [16] во кој тој го играл Џејми Хопкинс, млад наркодилер. Истата година го издал албумот во живо Cliff in Japan. Во 1968 година, ја претставувал Велика Британија на Евровизија, со песната „Congratulations“, каде загубил за еден поен од шпанската „Ла Ла Ла“. Во мај 2008 година, во извештај на Ројтерс се тврди дека гласањето на натпреварот било наместено од шпанскиот диктатор, Франциско Франко, за да бидат домаќини на натпреварот следната година (1969).[17][18] Сепак, наводите се покажале како невистинити.[19] Како и да е, „Congratulations“ бил огромен хит низ Европа и Австралија. ![]() По распаѓањето на Shadows во 1968 година, Ричард продолжил со соло кариера. Во текот на 1970-тите, Ричард учествувал во неколку телевизиски емисии и од 1970 до 1976 година имал свое шоу It's Cliff Richard. Во него покрај другите учествувале Оливија Њутн-Џон, Хенк Марвин и Уна Стабс. Во 1972 година, снимил минисерија на Би-би-си наречена Случај во кој настапувале комичари, а го отпеал и неговиот прв дует со жена - Оливија Њутон-Џон. Тој повторно го издавал албумот во живо, Cliff Live in Japan 1972 година, на кој се појавила Њутн-Џон. Неговата последна глумечка улога на сребреното платно била во филмот Take Me High. Во 1973 година, повторно ја претставувал Британија на Песна за Евровизија со песната „Power to All Our Friends“ и завршил на трето место, веднаш зад луксембуршката „Tu Te Reconnaîtras“ и шпанската „Eres Tú“. Ричард, исто така, бил водител на квалификаците за натпреварот за песна на Евровизија во организација на Би-би-си, Песна за Европа, во 1970, 1971 и 1972 година. 1976 ― 1994: РенесансаВо 1976 година била донесена одлука Ричард да се препакува како рок-музичар. Истата година, Брус Велч ја обновил кариерата на Клиф и го продуцирал албумот I'm Nearly Famous, на кој била успешната, но контроверзна песна „Devil Woman“, која станала прв вистински хит на Ричард во САД. Џеф Браун сметал дека албумот ја најавува ренесансата на Ричард.[20] Многу музичари како Џими Пејџ, Ерик Клептон и Елтон Џон носеле беџови на кој пишувало „I'm Nearly Famous“, задоволни што нивниот идол од детството се враќа со потежок рок, со кој тој ја започнал својата кариера. Во 1979 година, Ричард уште еднаш соработувал со продуцентот Брус Велч за поп-хит синглот „We Don't Talk Anymore“, напишан и компониран од Алан Тарни, кој се искачил на прво место во ОК и седмо место во САД. Песната била додадена на крајот од неговиот последен албум Rock 'n' Roll Juvenile, кој за неговото објавување во Соединетите Држави бил преименуван во We Don't Talk Anymore. Оваа песна ќе стане негов најпродаван сингл ширум светот, со тираж од безмалку пет милиони копии низ цел свет. [21] Подоцна во 1979 година, Ричард настапил со Кејт Буш на прославата на 75-годишнината од Лондонскиот симфониски оркестар во Ројал Алберт хол.[22] Во 1980 година, Ричард официјално го променил своето име од Хари Роџер Веб во Клиф Ричард. Во исто време, англиската кралица му ја доделила наградата Офицер од редот на Британската Империја за улогата во музиката и во добротворни цели.[23] Во октомври 1986 година, „All I Ask of You“, дует што Ричард го снимил со Сара Брајтман од музичката верзија на Ендрју Лојд Вебер од „Фантомот од операта“ стигнал до трето место на листата во Велика Британија. [24] Во 1987 година бил објавен неговиот албум „Always Guaranteed, кој станал негов најпродаван албум со целосно нов материјал, а на него биле двата топ-10 хит синглови „My Pretty One“ и „Some People“. Во мај 1989 година, Ричард го издал својот 100-ти сингл, „The Best of Me“, со што станал прв британски исполнител со ваков подвиг.[25] Синглот се искачил на второ место во ОК. Исто така во 1989 година, Ричард ја добил највисоката британска награда: „Награда за исклучителен придонес“.[26] Во јуни, тој го исполни лондонскиот стадион „Вембли “ две вечери со спектакуларен наслов „The Event“ пред заедничка публика од 144.000 луѓе. [27] На 30 јуни 1990 година, Ричард настапил пред околу 120.000 луѓе во Кнебворт Парк како дел од концерт на кој учествувале многу британски музички ѕвезди како: Пол Макартни, Фил Колинс, Елтон Џон и Tears for Fears. Концертот бил одржан за добротворни цели и биле собрани 10,5 милиони долари за деца со посебни потреби и млади музичари.[28] [29] По низа хит-песни и албуми што Ричард ги имал во доцните 1970-ти до раните 1980-ти, и уште една низа во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, тој стекна една постојана база на обожаватели, а Ричард бил еден од најпознатите музичари во Британија. Во текот на 1980-тите тој снимал со Оливија Њутн-Џон, Елтон Џон, Стиви Вондер, Фил Еверли, Џенет Џексон, Шила Волш и Ван Морисон. Во меѓувреме, Shadows повторно се обединиле (и повторно се распаднале). Тие снимале сами, но исто така Ричард им се приклучил во 1978, 1984 и 1989-90. 1995 ― 2007: ВитештвоНа 17 јуни 1995 година, Ричард бил прогласен за витез, и станал прв рок-музичар со таква почест.[30] Кон крајот на 1990-тите, Ричард и поранешниот извршен директор на ЕМИ ОК Клајв Блек ја основале издавачката куќа „Blacknight“. На следниот албум од Ричард, Wanted од 2001 година се наоѓале преработки на песни, а по него следел уште еден топ-десет албум, Cliff at Christmas. Празничниот албум содржел нови и постари снимки, меѓу кои и песната „Santa's List“, која стигна до 5-то место во 2003 година [31] [32] За неговиот следен албум Ричард заминал за Нешвил, каде што и го снимил Something's Goin' On (2004). Тоа бил уште еден топ-10 албум и имал три топ-20 песни во Велика Британија: „Something's Goin' On“, „I Cannot Give You My Love“, со Бери Гиб од Bee Gees и „What Car“. Two's Company, албум со дуети објавен во 2006 година, беше уште еден топ-10 албум за Ричард и имал нови песни во дует со Брајан Меј, Дион Ворвик, Ен Мареј, Бери Гиб и Даниел О'Донел, и уште неколку претходно снимени дуети со музичари како Фил Еверли, Елтон Џон и Оливија Њутн-Џон. Two's Company бил издаден за да се совпадне со неговата турнеја во Велика Британија, која пак била дел од неговата последна светска турнеја, „Here and Now“. Уште еден компилациски албум, Love... The Album бил објавен на 12 ноември 2007 година. 2008―: 50-годишнина и обединување на Shadows![]() Во 2008 година, во 51-та година на Ричард во музичкиот бизнис бил објавен комплет од осум компактни диска And They Said It Wouldn't Last (My 50 Years in Music).[33] На 11 ноември 2008 година, на официјалната веб-страница на Ричард било објавено дека Клиф и Shadows ќе се обединат за да ја прослават нивната 50-годишнина во музичкиот бизнис. Еден месец подоцна тие настапиле во Royal Variety Performance. Во 2009 година, по концертната турнеја „Golden Anniversary“ во Велика Британија, Клиф и the Shadows ја прекинале соработката. ![]() Во октомври 2011 година, Ричард го издал албумот Soulicious, на кој има дуети со американски соул-пејачи, како Перси Слеџ, Ешфорд и Симпсон, Роберта Флак, Фреда Пејн и Канди Статон . [34] Soulicious станал 41-виот топ-10 албум на Ричард во Велика Британија. Тој бил меѓу изведувачите на Дијамантскиот јубилеен концерт одржан пред Бакингемската палата во јуни 2012 година.[35] На 30 јуни 2012 година, Ричард помогнал во пренесувањето на олимпискиот факел од Дерби до Бирмингем како дел од штафетата на факелот за Летните олимписки игри 2012 во Лондон. Ричард рекол дека неговото трчање со олимпискиот факел ќе биде едно од неговите топ-10 спомени.[36] Во ноември 2013 година, Ричард го издал 100-тиот албум во неговата кариера, The Fabulous Rock'n' Roll Songbook. До тоа време, Ричард имал објавено 47 студиски албуми, 35 компилации, 11 албуми во живо и 7 филмски саундтракови.[37] Во октомври 2015 година, Ричард бил на турнеја по повод неговиот 75-ти роденден. Одржал концерт во седум градови во ОК, и шестпати го наполнал лондонскиот Ројал Алберт хол, каде што настапил повеќе од 100 пати во текот на неговата кариера.[38][39] Турнејата на Ричард во 2015 година добила потврдна критика од рок-музичкиот критичар од Гардијан, Дејв Симпсон.[40] Во август 2018 година, Ричард го објавил албумот Rise Up, на кој имало и нов материјал. Првиот сингл од албумот, „Rise Up“, бил издаден во винил-формат и стигнал до прво место на британската табела за винил-синглови во октомври 2018 година. [41] Тој пеел дует со велшката пејачка Бони Тајлер во песната „Taking Control“, која се појавила на нејзиниот студиски албум од 2019 година, Between the Earth and the Stars. Во 2020 година Ричард го издал албумот Music... The Air That I Breathe. На 4 јули 2022 година, Ричард го пеел неговиот хит од 1963 година „Summer Holiday“ на Вимблдон во 2022 година, како дел од прославата на стогодишнината од првенството.[42] Дискографија
Филмографија
Награди![]()
НаводиБиблиографија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia