Кнежевско Езеро
Кнежевско Езеро (познато и како Езеро Кнежево) — вештачко езеро во близина на кратовското село Кнежево, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.[1] Браната на езерото е подигната на Злетовска Река.[1] Местоположба![]() Акумулацијата се наоѓа во непосредна близина на Кнежево, сместено на голема надморска височина од 1.020 метри. Езерото е долго 3 километри, широко 150-200 метри и со најголема длабочина од 70 метри. Зафаќа површина од 0,8 км2.[2] Самата околина на езерото е главно шумска и живописна. Над езерото се наоѓаат високите делови на Осоговските Планини, а низводно се наоѓа атрактивната клисура на Злетовска Река.[2] ОписБранаБраната е каменонасипна со вкупна височина од 75 метри.[1] ИсторијаЕзерото е создадено со преградување на Злетовска Река со каменонасипна брана кај селото Кнежево во 2010 година.[2] УпотребаАкумулацијата Кнежево било изградено најмногу за задоволување на потребите за водоснабдување на жителите на повеќе општини од Источниот регион, но во следните фази е предвидено акумулацијата да се користи и за наводнување и за производство на електрична енергија.[1] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia