Водна површина или водена маса е забележлива акумулација на вода како океан, езеро или река на Земјата или друго небесно тело. Некои водни површини можат да бидат вештачки - езерце, езеро или пристаниште, но највеќето се природни. Водените површини кои се пловни се нарекуваат водени патишта.
Изразот водна површина или водена маса поретко се користи за води во движење како реки, потоци и канали.
Видови водни површини
Акумулација - или вештачко езеро, долема површина каде се чува вода за разни потреби.
Мокриште - предел со суви и мокри одлики, кој зависи од особеностите на обете.
Море - голема солена водна површина врзана со океан, или пак големо солено езеро како Каспиското Море и Мртвото Море. Во секојдневниот говор честопати океаните се нарекуваат мориња.
Мореуз - голем морски или океански затон поголем од залив, со забележителна длабочина, поширок од фјорд, кој всупшност може да биде и тесен морски или океански канал меѓу две копна.
Мочуриште - мокар предел со постојана потопеност и своја флора и фауна.
Океан - најголема солена водна површина, која вкупно зафаќа 71% од Земјината површина.