КнешпољеКнешпоље, или Кнежопоље, претставува територија на просторот Поткозарје и планината Козара, во северозападниот дел на Република Српска, БиХ. ГеографијаГраницата на Кнешпоље оди по Уна од Козарска Дубица до Српска Костајница, од каде оди со реката Стригова на шумите Пастирево и Каран, па понатаму ги опфаќа селата Горња и Доња Јутрогошта, Црна Долина и Велико и Мало Паланчиште, преоѓа преку Козара и избива на селото Моштаница, а од таму по патот на Моштаница-Дубица се спушта повторно на Уна. На овој простор сместени се педесетина кнежополски села, од кои поголеми се: Кнежица, Читлук, Стригова, Побрѓани, Велико и Мало Двориште, Горња Јутрогошта, Доњи Јеловац, Паланчиште, Крива Ријека, Градина, Меѓувоѓе, Мљечаница, Слабиња, Шеварлије, Брекиња и други. Во литературатаПоетот и писател Скендер Куленовиќ за место во своето епохално дело „Стојанка мајка Кнежополка“ го избрал Кнешпоље, каде го опишал страдањето на Србите од усташкиот геноцид, и тажењето на Стојанка, мајката на Срѓан, Мрѓан и Млаѓен, над своите мртви синови. Народни обичаиКнешпоље е област со посебни народни обичаи.[1] Од народните песни се пеат ојкачи, кои се изведуваат со најмалку три пејачи и без инструментална музика.[1] Од ора се изведува козарачко коло.[1] Традиционален инструмент е тамбурица.[1] Женската кнешполска народна носија се состои од бошќе (марама), кошула и прегача, а мажите носеле шешири.[1]
ЖителиЖители се нарекуваат Кнежополци и Кнежополки и припаѓаат на Краишниците.[1]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia