Тамбурица![]() Тамбурица ( ГрадбаТамбурата е составена од три дела: труп, врат и глава. Традиционално најчесто се изработувала од јаворово, липово, јабланово или крушково дрво, и тоа од единствено парче, што денес е сѐ поретко. Наместо тоа денес се практикува составување на деловите, претежно направени од меко дрво (чам или смрека). Големината варира според многу параметри, особено според намената; постојат мали тамбури (некои долги само 37 cm), тамбури со стандардна големина (од 70 до 90 cm) и големи, оркестарски, тамбури (до 150 cm). Бројот на жици може да биде 4, 5 или 6, распоредени посебно или во парови. Тамбурашка култураКултот кон тамбурите и тамбурашката музика е особено развиен во Војводина и Славонија. Тамбурашката музика и тамбурашките песни се дел од фолклорот и секојдневниот живот на Војводинците и Славонците, а честопати се неразделно поврзани со боемски живот, или, како што е попознато во овие краишта: беќарски живот. Тамбурашката музика е разновидна: од брза и весела, па сѐ до тажна и развлечена. Најчеста тематика на тамбурашките песни се: Дунав, Панонската низина и љубовта. Најпознат водач на тамбурашки оркестар воопшто бил Јаника Балаж (1925-1988), додека најпознат и ненадминат изведувач на тамбурашки песни - Звонко Богдан. Тамбурата како тема во уметноста
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia