Кобилица![]() Кобилица — главната греда околу која се гради трупот на еден брод.[1] Таа минува низ средината на бродот, од носот до крмата, и служи како основа во изградбата на бродот. Кобилицата е многу важен дел за цврстината на трупот и стабилноста на пловилото, и може да се спореди со темелите на една зграда. Кобилицата е обично првиот дел од трупот на бродот што се гради. Поставувањето на кобилицата е значаен настан и често се одбележува со церемонија. Во некои јазици, изразот „ја поставувам кобилицата“ е идиоматски и значи започнување на некој важен потфат. Друг сликовит (идиоматски) израз е желбата „Седум стапки под кобилицата“, што значи да се избегнат подводни карпи.[2] Освен носечка, кобилицата има и хидродинамична задача. Таа е дел од бродот наменета да го спречува одвејувањето — страничното поместување на бродот под влијание на ветрот. Служи и како противтежа, спротивставувајќи се на страничното навалување на бродот. При страничен или речиси наспротен ветар, бродот се поместува во странична насока. Со помош на кобилицата, страничните сили се урамнотежуваат и се претвораат во движење напред. ИсторијаУпотребата на кобилица кај едрениците потекнува уште од древноста. Остатоците од древниот грчки трговски брод познат како Кирениски брод го утврдуваат потеклото на кобилицата најмалку од 315 г. пр. н. е.[3] Бродоломот кај Улубурун (ок. 1325 г. пр. н. е.) имал примитивна кобилица, но таа можеби била повеќе средишна штица отколку вистинска кобилица.[4] Литература
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia