Ковачевци (Перничко)
Ковачѐвци (бугарски: Ковачевци) — село во Западна Бугарија, административен центар на општината Ковачевци во Перничката Oбласт. Има население од околу 342 жители (2022).[1] ГеографијаСелото се наоѓа во планинско продрачје, на 25 километри од регионалниот центар Перник и на 55 километри од главниот град Софија. Во близина на селото се наоѓа акумулацијата „Пчелина“. ИсторијаИмето на селото било писмено потврдено во османлиските даночни регистри од 1576 година под образецот Ковачова. Може да се претпостави дека е поврзано со ковачкиот занает на непознато семејство од овие простори. За време на османлиското владеење, Ковачевци било запалено и уништено двапати - првиот пат во 1806 година од ордите на Кара Феиз, а вториот пат — во 1850 година од башибозук, за време на востанието на Бугарите од северозападна Бугарија, кога локалното население исто така се побунило. Селото било ослободено во јануари 1878 година од четата на Иљо Војвода. Веднаш по Руско-турската војна и Кресненско-разлошкото востание, овде дошле бегалци од Пиринско. Меѓу нив се Димитар Тренчев и Параскева Дошева — родителите на Георги Димитров, кој бил роден во Ковачевци во 1882 година. За време на комунистичкиот режим во Бугарија, фактот дека во Ковачевци бил роден Георги Димитров, придонесол за развојот на селото — биле реконструирани улици, била изградена спомен-куќа посветена на дикаторот, била реновирана неговата родна куќа, бил организиран спомен-парк. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia