Кога денот немаше имеКога денот немаше име ― македонски филм од 2017 година, во режија на Теона Стругар Митевска, која исто така го напишала и сценариото. Филмот е заедничка продукција меѓу лица од Македонија, Белгија и Германија. А, македонски продуцент е Лабина Митевска.[1] „Кога денот немаше име“ ја имал светската премиера на 67. Берлинале во службен избор, а во програмата „Панорама“. Таму филмот добил одлични рецензии како од критичарите, така и од публиката. Исто така филмот бил пријавен за македонски кандидат за оскар, заедно со Златна петорка, но Агенцијата за филм решила да не испрати кандидат за Оскар во 2017 година. ДејствоФилмот е приказна за група на тинејџери од исто место,кои секојдневно живеат со предрасуди спрема своите соседи Албанци,а исто така и трпат притисок од нив. Филмот на Стругар Митевска влегува во длабокиот преоден и општествен јад, мизерија, дебилизам и стереотипите кои се уште преовладуваат во размислувањата на младите луѓе во Македонија. Овој филм бил вдахнат од вистински настан кој се случил во 2012 година, кога кај Смилковското Езеро, во близина на Скопје, биле убиени петмина млади момчиња. Овој настан познат како Убиства кај Смилковци или како Смилковски масакр, го подели македонското општество и создало меѓуетнички тензии во кои биле повредени неколку лица. Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia