Кога падна на Пирина
Кога падна на Пирина — патриотска, родољубива песна која го слави ликот и делото на големиот македонски револуционер Јане Сандански. Автор на песната е Венко Темеќаров — македонски композитор и деец од Пиринска Македонија, роден во 1942 г. во село Мусомишта, Неврокопско.[1][2] Податоци за оваа песна за првпат се објавени во книгата „Жестокоста на бугарскиот национализам и неговите слуги против Македонците“ од неодамна починатиот Јордан Костадинов (1932 – 2019), кој бил еден од основачите на ОМО „Илинден“ и кој своевремено трипати бил затворан заради Македонија од страна на бугарскиот комунистички режим. Се претпоставува дека песната е настаната во 1960-те години на 20 век.[2] Песната е веќе обнародена и прифатена како народна песна. Некои изведувачи кои ја имаат препеано се: Васка Илиева, Гоце Арнаудов, Борис Трајанов, Казухиро Котецу и многу други. ОписПесната ги опева последните мигови од животот на Јане Сандански преку негов симболичен разговор со три сокола, кои ги претставуваат трите делови на етничка Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска). Секој сокол му нуди да појде со него да најде лек. Едниот сокол сака да го носи горе в Пирин Планина, вториот долу до Белото Море, додека третиот да го однесе крај Вардарот. Јане Сандански, ги замолил да го остават да си умре, а неговата мајка Македонија, се надева дека ќе роди други синови кои ќе ја ослободат. Текст[3]Кога падна на Пирина, ранет Јане Сандански, полетаа три сокола и на Јане збореа: - Ајде Јане со нас појди, ние лек ќе најдеме. Мајка Македонија за таков јунак лек ќе најде. Први сокол проговара: - Ој ти Јане Сандански, ајде Јане со нас појди, горе в' Пирин Планина. Белким ти ќе оздравиш, Македонија да ослободиш. Втори сокол проговара: - Ој ти Јане Сандански, ајде Јане со нас дојди, дур' до белото море. Белким ти ќе оздравиш, Македонија да ослободиш. Трети сокол проговара: - Ој ти Јане Сандански, ајде Јане со нас појди, долу крај Вардара. Белким ти ќе оздравиш, Македонија да ослободиш. - Ој те вие три сокола, в' срце сум ранет. Оставај мене тук' да умрам, лек мене не лекува. Македонија други ќе роди, кој ќе ја ослободи. Наводи
Надворешни врскиСнимки
Ноти
|
Portal di Ensiklopedia Dunia