Мусомишта

Mусомишта
Мосомище
Mусомишта is located in Бугарија
Mусомишта
Mусомишта
Координати: 41°33′13″N 23°44′51″E / 41.55358400810355°N 23.74759550510674°E / 41.55358400810355; 23.74759550510674
ЗемјаБугарија
ОпштинаНеврокоп
Површина
 • Вкупна32,86 км2 (1,269 ми2)
Надм. вис.&10000000000000513000000513 м
Население (2021)
 • Вкупно1,962
 • Густина0,00.060/км2 (0,0.015/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2920

Мусомишта (службено од 2016 година: Мосомиште, бугарски: Мосомище[1]) ― село во Општина Неврокоп.

Географија и местоположба

Селото Мусомишта се наоѓа на источното подножје на Пирин планина, на надморска височина од 513 метри. Од градот Неврокоп е оддалечено 2.8 километри јужно.

На источната страна од селото се наоѓа канал којшто оди северно од Градската река во Неврокоп, која потоа се влева во реката Места.

Историја

Во 1889 година Стефан Верковиќ го опишал Мусомиште како село со 75 бугарски и 18 турски куќи.[2]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа површина од 32.9км². Целата источна страна од него е обработливо земјиште, додека повисоките предели се под пасишта и шуми.[3]

Демографија

Во Мусомишта во 2013 година 2 258 жители. Голем дел од жителите се Македонци, кои потекнуваат од Егејска Македонија, некои се доселиле во 1912 година, а други биле донесени тука по познатата размена на населенија меѓу Бугарија и Грција во 1925 година.[4]

Според пописот од 2021 година, селото имало 1,962 жители, со густина на населеност од 59.7 луѓе на километар квадратен.

Во пописот од 2011 година имало 2,107 жители, што значи дека во текот на една деценија имало стапка на пад на население од -0.67%.[5]

Општествени установи

На 800 метри над селото се наоѓа црквата Света Троица. Во центарот работи и основно училиште, именувано како ОУ„Христо Ботев“.

Самоуправа и политика

Поштенски код на селото е 2920.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Македонците во селото го прославуваат Илинден.[6]

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. Указ № 379 от 30 ноември 2016 г., „Държавен вестник“ №99, 13 декември 2016 г.
  2. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234 – 235.
  3. „CORINE Land Cover 2018“.
  4. Цветаноски, Виктор (11 декември 2006). „Бугарската полиција не ги исплаши Македонците во Мосомиште“. Утрински весник (2256). Архивирано од изворникот на 4 јули 2020.
  5. „City population“.
  6. „Македонците во Бугарија в недела со зурли и тапани ќе го слават Илинден,“. МКД.мк, 23 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2020-07-06. Посетено на 2020-07-04.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya