Козјак (Мариово)
Козјак — средновисока планина која се наоѓа во областа Мариово во јужниот дел на Македонија. Се наоѓа меѓу планините Ниџе и Кожуф, издигнувајќи се од левата страна на Рожденска Река и Блаштица, а се протега од Црна Река на север во меридијански правец сѐ до македонско-грчката граница на југ.[1] ![]() Поточно, таа се јавува како северно отклонување и огранка на целиот планински масив на Ниџе и Кожув и со своето протегање таа воедно ги дели прилепскиот и тиквешкиот (кавадаречкиот) дел на Мариово. Билото кое е голо и доста заоблено има меридијански правец на протегање од север кон југ, со највисок врв Балтова Чука (1.823 м).[1] Северно веднаш до него се наоѓа нешто понискиот врв Перум (1.807 м), додека на север е појасно издадениот врв Перун (1.703 м), а во северниот дел се исто така и врвовите Дуров Камен (1.569 м), Мешник (1.470 м) и Зелка (1.426 м), додека на самата граница со Грција е врвот Голем Козјак (1.814 м).[1] Самата планина има поголема разгранетост кон запад каде се наоѓа гребенот Скрка со врвот Панделе висок 1.344 метри. Меѓу превоите најзначаен е Трибор (1.406 м) преку кој комуницираат прилепскиот и кавадаречкиот дел на Мариово.[1] Во тектонско-геолошки поглед претставува синклинала составена од гнајсеви, микашисти, со гранитоидни тела и мермери.[1] Планината изобилува со многу шума каде што особено многу е застапен црниот бор. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia