Блаштица
Блаштица — река во Македонија, сместена во подрачјето помеѓу планините Мариовски Козјак и Кожуф.[1] Се наоѓа источно од селото Рожден, а се влева во Црна Река.[1] Реката претставува значајно геонаследство од сферата на хидрологијата во Македонија.[2] ТечениеРеката Блаштица е збирно име кое реката го добива во долниот тек. Водотекот извира под врвот Голем Козјак (1.814 м.) на надморска височина од 1.720 метри, тогаш позната како Мајденска Река, која настанува со спојување на водите на Бистричка Река и на Јаворска Река. Кај селото Рожден, реката е позната како Бистра, а кога започнува да се движи кон селото Мрежичко е позната како Блаштица и се движи кон северозапад.[3] СливСливното подрачје на реката изнесува 184,32 км2.[1] КлисураПомеѓу селата Рожден и Мрежичко, изградена е импозантна клисуреста долина, која на места има кањонски карактер. Овде речното дно се всекува во цврста карпеста подлога претставена со тријаски мермеризирани варовници и доломити. Долж речното корито се забележуваат и помали каскади и џиновски лонци.[3] Долината низводно од селото Рожден има должина од 11 километри.[2] ЗагадувањеРеката годишно носи нанос од 50.000 м3, кој главно се слива од отворениот коп на рудникот ’Ржаново, чиј нанос завршува во Блаштица преку притоката Казарик.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia