Коко и големата тајна
![]() Коко и големата тајна (англиски: Coco) — американски компјутерско-анимиран авантуристички филм во 3D од 2017 година, продуциран од Pixar Animation Studios и издаден од Walt Disney Pictures.[6] Филмот е во режија на Ли Анкрич и во ко-режија на Адријан Молина. Заплетот го следи 12-годишното момче Мигел Ривера, кое случајно се пренесува во земјата на мртвите, каде бара помош од неговиот починат прапрадедо музичар да го врати на своето семејство помеѓу живите. Концептот на филмот е заснован на мексиканскиот празник Ден на мртвите. Pixar започнал со развивање на анимацијата во 2016 година; Анкрич и дел од филмската екипа го посетиле Мексико за инспирација. Композиторот Мајкл Џакино, кој работел на претходни анимирани филмови на Pixar ја компонирал филмската музика. Гласовите ги позајмуваат Ентони Гонсалес, Гаел Гарсија Бернал, Бенџамин Брет, Алана Убак, Рене Виктор, Ана Офелија Мургуја и Едвард Џејмс Олмос Ова е првиот филм воопшто со буџет од девет цифри (175–200 милиони долари),[7] во кој сите глумци се латиноамериканци. Коко и големата тајна премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал во Морелија, Мексико на 20 октомври 2017 година. Филмот бил нашироко издаден следната недела во Мексико, во викендот пред празникот Ден на мртвите и станал филм со најголема заработувачка во историјата на земјата.[8][9][10] Филмот бил издаден во САД на 22 ноември 2017 година и остварил заработка од 740 милиони долари во светски рамки. Филмот добил пофалби за анимацијата, вокалните изведби, филмската музика, песните, емоционалната приказна и почитта кон мексиканската култура и бил избран од националниот одбор за реценција на филмови за најдобар анимиран филм за 2017 година.[11] Филмот добил БАФТА награда, Ени награда и Златен глобус за најдобар анимиран филм. На 90. доделување на наградите Оскар, Коко и големата тајна добил 2 награди, и тоа во категориите најдобар анимиран филм, и најдобра оригинална песна („Remember Me“). Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia