Колера
Колерата е акутно, инфекциско заболување ендемско за Азија. Колерата ја предизвикува Vibrio cholerae во два биотипа - класичен и El Tor. Вториот тип може да преживее подолго во природа, може да предизвика субклинички случаи, има подолг период на фекална екскреција од организмот и може да се пренесува од случај на случај или преку вода и храна.
Најголем дел од луѓето заразени со V. cholerae имаат блага до средно изразена дијареја но доколку навреме не се лекува, колерата е една од најбрзоширечките, фатални инфекции воопшто познати
ПатогенезаVibrio cholerae го колонизира тенкото црево и произведува моќен ендотоксин кој се врзува за ГМИ - ганглиозиден рецептор на клеточната мембрана со помош на врзувачки единици. Активните подединици на ендотоксинот влегуваат во клетката и ја активираат аденил циклазата. Ова резултира со акумулација на цикличен АМП, кој стимулира активна секреција на јонски соли, хлориди, фосфор и HCO3 а со нив и вода. Резултатот е дијареја. Лекување![]() Воглавно, лекувањето се состои во терапија за рехидрација. Со помош на ваква терапија смртноста кај случаите заболени од колера е намалена на помалку од 1%. Најчесто, рехидрацијата е орална но кај колабирани пациенти се применува и интравенозна рехидрација. Употребата на антибиотици (тетрациклин) помага да се искорени инфекцијата и исто така да се намали траењето на болеста. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia