Конрад Фердинанд Мејер
Конрад Фердинанд Мејер (11 октомври 1825 - 28 ноември 1898) бил швајцарски поет и историски романописец, мајстор на реализмот, кој воглавно е познат по раскажувачките балади како Нозе во оган. Животопис![]() ![]() Мајер е роден во Цирих. Тој имал патрициско потекло. Неговиот татко, кој починал рано, бил државник и историчар, додека неговата мајка била високо образована жена. Во текот на своето детство биле забележани две особини, кои подоцна го карактеризирале како човек и поет: тој имал најсцрпувачки однос кон уредноста и чистотата, и живеел и собирал искуство од сеќавањето, односно меморијата, отколку од непосредната сегашност. Тој страдал од напади предизвикани од ментална болест, понекогаш барајќи хоспитализација; неговата мајка, слично, но била потешко погодена,па поради проблемите кои ѓи имала се самоубила. По завршувањето на гимназијата, тој започнал да судира право, но историјата и хуманитарните науки биле од поголем интерес за него. Поминал значителни периоди во Лозана, Женева и Париз, и во Италија, каде што се интересирал за историски истражувања. Двајцата историчари кои влијаеле на Мејер особено биле Луис Вуллимин во Лозана и Јакоб Буркхард во Бјале чија книга за Културата на ренесансата ја стимулира неговата имагинација и интерес. Од неговите патувања во Франција и Италија (1857) Мејер добил многу инспирација за поставките и ликовите од неговите историски романи.[1] Во 1875, тој се населил во Килхберг, над Цирих. Во 1880 година, тој добил почесен докторат од Универзитетот во Цирих . Починал во неговиот дом во Килхберг на 28 ноември 1898 година. НовелиГлавните дела на Мејер се историски новели:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia