Константин Бели - Македонецот
Константин Бели - Македонецот (7 март 1770 - 11 декември 1838) — австриски барон од македонска народност, роден кон средината на XVIII век во Блаца, Кајларско, денес во егејскиот дел на Македонија, од каде неговото семејство се иселило во Австроунгарија.[2] ЖивотописРоден е во Блаца, Кајларско. Завршил високи наобразби и со својата способност и интелектуална моќ, си изборува место меѓу највисоките државници на дворот во Виена, иако Македонец по род, но особено е важна личност за Баварија во чие државно организирање и управување учествува подоцна (во Битката за приматот околу германските национални обединувања и разединувања против Австрија и Прусија). Натрупува богатства и имоти кои му ја унапредуваат целата кариера. Правилата по европските империи, не дозволувале на странец кој не може да докаже неколку колена благородничка крв да стане член на некој од Редовите и тајни друштва а уште потешко пак да се здобие со баронски титули. Но Константин Бели достигнал сѐ. Далечината пак од родната Македонија, му ги јакне македонските чувства, копнее Македонија да е слободна. Сфаќајќи дека без организирана интелигенција, македонизмот не ќе може да се одржува а камо ли шири, тој се насочува во образувањето македонски кадри и во помош на напатениот македонски народ. Тајните друштва се влијателни но не и пресудно влијателни. Основната дејност им е на хуманитарни активности од тајна или полутајна природа. Баронот Бели во овие граниици ја става неговата оставнина на Македонија и Македонците во 1835 год во “Тестамент“ со кој подарува 2000 книги од богатата библиотека која ја поседува за училиштето и црквите на родниот Постол. Во личната порака за ова баронот Бели напишал:
остава дел од имот во пари со Завештание од нив: “Да се издржуваат извесен број клиники во кои се лекуваат Македонци болни од секаква болест“ a овој Фонд да се вика:
основа и Фонд за образување Македонци – студенти и го именува со:
Баронот Бели изнесува и подробности дека потпишал и “Завештание” при Баварската влада од чија камата:
кои баронот однапред ги признава – како “усвоени синови на г-дин Бели”. Единствен услов кој се барал од нив во тестаментот е:
За олеснат пристап на Македонците, баронот овој Фонд од Минхен подоцна го преселува во Атина како најблиска слободна христијанска столица во тоа време. Григор Прличев, како Македонец е корисник на фондот од баронот Бели за стипендирање на студенти МакедонциБидејќи упатствата биле јасни во однос македонската народност на студентите, Грците подоцна сакајќи да го ескивираат овој Фонд одат на студенти Македонци но кои би ги презеле под својата пропаганда. Така еден од нив е и студентот по медицина Григор Прличев од Охрид кој се издржува од оваа стипендија на баронот, кога го создава “Сердарот”. Грците го наградуваат Прличев со македонски пари т.е. пари дадени за македонска кауза, што ги користат всушност за грчка, а во времињата кога баронот и не може да влијае зашто е веќе починат а извршителите на оставината природно се поврзуваат со властите и тајните грчки ложи во Атина (зашто и самите се изгледа дел од тајни ложи). Интересно е што подоцна и синот на Прличев, Кирил е член на тајни масонски ложи иако веќе преселен во Бугарија. Со ова веројатно е направен спојот помеѓу баронот Константин Бели и неговите извршители кои ги образуваат но внесуваат и штитеници од Македонија во ложите. Очигледна е и стратегијата на тајните ложи да се игра двојно - покрај мисијата и со секоја власт каде ќе се најде членот на ложата (Бели со австриската, извршителите со грчката, синот на Прличев со бугарската подоцна и.т.н). Апел кон своите еднородци МакедонциВистинската љубов на баронот Константин Бели кон својот македонски народ и воопшто македонизмот уште во почеток на XIX век најдобро ги изразил во својот “АПЕЛ“ упатен “ КОН СВОИТЕ ЕДНОРОДНИ МАКЕДОНЦИ “, напишан на грчки и објавен од Виена во 1838 год:
Националноста на Константин БелиИсториографијата го запомнила Константин Бели - Македонецот, како „Грк“. Но, тука ќе го споменеме и фактот дека, пред 100 и 200 години поимот „Грци“ освен етничка, означувал и класна припадност, односно за „Грци“ биле сметани и сите поситуирани Македонци, Бугари, Ерменци, Власи, Албанци, Срби и др.[5][6][7][8], коишто, или заради грчката црковна пропаганда, или заради помодарство и престиж, дури и јавно говореле и пишувале грчки. А пак, сиромашните селани, земјоделците, сточарите и други, вклучително и етнички Грци, Македонци, Срби, Роми, Албанци, Гагаузи, Татари биле нарекувани „Бугари“ (вулгари).[9][10] 3атоа, “Лозарите” во 1892 год. забележуваат -
И не може човек да остане рамнодушен на овие зборови преточени и во конкретни дејства од страна на баронот Бели, како што не останале подоцна Македонците – патриоти емигранти во Софија кога го покренуваат весникот “Лоза” и самите во улога на печалбари и бегалци. Не случајно првата страница ја започнуват токму со извадок од Апелот на баронот ”кон своите еднородни Македонци”. Пред него само го ставаат геслото на весникот, всушност една изрека од Софокле која вели:
Древниот престол на Македонија и македонизмот градот Постол со баронот Константин Бели на овој начин, далеку по Александар го започна новиот македонизам, токму во времето на будењето на нациите. Со ова македонскиот народ се нареди во истиот ред, ниту закасна ниту подрани кога семето се пушти в земи во првата половина на XIX век (1835 г.). Внатре за`рти и се воздигна надземи, кревко во почетокот со нежни ливчиња но тргна, го гледаа и почнаа да се грижат се повеќемина за него- го дофатија “Лозарите” но и следниот голем Македонец од Постол, Крсте Петков Мисирков. Престолот ги дава – великаните, со македонскиот ПРЕСТОЛ - ПОСТОЛ е македонската круна, таму во македонската алеја се наредија најголемите – Александар III Македонски, Константин Бели – „Македонецот” и Крсте Мисирков. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia