Румелиски Пашалак, или Румелиски Ејалет (отомански турски: ایالت روم ایلی, romanized: Eyālet-i Rūm-ėlicode: ota is deprecated ),[2] познат како Румелиски Беглербеглук до 1591 година,[3] ― покраина од прво ниво (пашалак/ејалет/беглербеглук) на Отоманската Империја која го опфаќала поголемиот дел од Балканот („Румелија“). Во поголемиот дел од својата историја, тој бил најголемата и најважната покраина на Империјата, опфаќајки клучни градови како Одрин, Јанина, Софија, Пловдив, Битола, Скопје и главното пристаниште Солун. Тој исто така бил меѓу најстарите отомански пашалаци, кој траел повеќе од 500 години со неколку територијални преструктуирања во текот на долгиот тек на неговото постоење.
Главен град бил Одрин, Софија и на крајот Битола. Неговата заведена површина во алманах од 1862 година била 124,630 км2.[4]
Историја
Првично наречен беглербеглук или општо вилает („покраина“) Румелија, дури по 1591 година бил употребен поимот ејалет.[3]
Првиот беглербег на Румелија бил Лала Шахин-паша, кој ја добил титулата од султанот Мурат I како награда за неговото заземање на Одрин во 1360-тите, и му била дадена воена власт над османлиските територии во Европа, со кои тој ефективно управувал како заменик на султанот додека султанот се враќал во Анадолија.[3][5][6] Исто така, Силистренскиот Пашалак бил основан во 1593 година.
Од своето основање, покраината Румелија ја опфаќала целата европска сопственост на Отоманската Империја, вклучувајќи ги и прекудунавските освојувања како Акерман, сè до создавањето на понатамошни пашалаци во 16 век, почнувајќи со Островскиот (1533), Будимскиот (1541) и Босанскиот (1580).[5][6]
Првиот главен град на Румелија веројатно бил Одрин, кој исто така бил, до падот на Константинопол во 1453 година, главен град на Османлиите. По неа некое време следела Софија и повторно Одрин до 1520 година, кога Софија повторно станала седиште на беглербегот.[6] Во тоа време, беглербегот на Румелија бил командант на најважната воена сила во државата во облик на тимарскоспахискакоњица, а неговото присуство во главниот град во овој период го направило редовен член на царскиот совет (диван). Од истата причина, моќните големи везири како Махмуд-паша Ангеловиќ или Паргали Ибрахим-паша го држеле беглербеглукот во тандем со власта на големиот везир.[5]
Во 18 век, Битола се појавила како заменско престојувалиште на управникот, а во 1836 година службено станала главен град на пашалакот. Речиси во исто време, танзиматските реформи, насочени кон осовременување на Империјата, ги разделиле новите пашалаци на Скопски, Јанински и Солунски и го намалиле Румелискиот Пашалак на неколку покраини околу Битола. Застарениот пашалак опстанал до 1867 година, кога, како дел од преодот кон поунифицираниот вилаетски систем, неговата територија станала дел од Битолскиот Вилает.[5][7][8]
Источна Румелија станала нова османлиска покраина во 1878 година (формално до 1908 година, но обединета со Кнежеството Бугарија од 1885 година).
Управници
Управникот на Румелискиот Пашалак бил нарекуван „Беглербег на Румелија“ (Румели бејлербеји) или „Валија на Румелија“ (Румели вали).
Во списокот датиран во 1475 година, се наведени седумнаесет подредени санџак-бегови, кои контролирале помали покраини односно санџаци, кои исто така функционирале како воени команди:[5]
Друг список, кој датира од раното владеење на Сулејман Величествениот (владеел 1520–1566), ги наведува санџак-беговите од тој период, по приближен редослед на важност.:[5]
Тие што биле санџак-бегови на „циганите“, муслиманите од Кирк Килисе, и војнуците, не биле со територија назначени, туку претставувале само санџак-бег назначен да ги контролира овие расфрлани и често номадски групи, и кој дејствувале како командант на воените сили регрутирани меѓу нив. Паша-санџакот во овој период опфаќал широк простор во западна Македонија, вклучувајќи ги градовите Скопје, Прилеп, Битола и Костур.[5]
Сличен список составен околу 1534 година, ги дава истите санџаци, освен отсуството на Софискиот, Леринскиот и Навпактскиот (меѓу покраините пренесени кон новиот Островски Пашалак во 1533 година), и додавањето на Солунскиот.[5]
1538 година
Во 1538 година, биле наведени 29 ливи (санџаци) за време на владеењето на султанот Сулејман I.[38]
Понатамошни санџаци биле отстранети со прогресивното создавање на нови пашалаци, и еден службен регистар од околу 1644 година, евидентирал само петнаесет санџаци во Румелискиот Пашалак:[5]
Според државниот годишник (салнаме) од 1847 година, намалениот Румелиски Пашалак, со седиште во Битола, ги опфаќал и Скадарскиот, Охридскиот и Костурскиот Санџак. Во 1855 година, според францускиот патеписец Огист Викеснел, пашалакот ги сочинувал Скадарскиот Санџак, со 7 кази (помали административни единици), Охридскиот со 8 кази, Костурскиот со 8 кази и Битолскиот Паша-санџак со 11 кази.[41]
↑ 6,06,16,2Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients (германски). 13. Reichert. стр. 50. ISBN9783920153568.
↑Birken, Andreas (1976). Die Provinzen des Osmanischen Reiches. Beihefte zum Tübinger Atlas des Vorderen Orients (германски). 13. Reichert. стр. 50, 52. ISBN9783920153568.
↑Osmanlı Yer Adları I: Rumeli Eyaleti (1514-1550). Ankara: Devlet Arşivleri Genel Müdürlüğü Osmanlı Arşivi Daire Başkanlığı. 2013. стр. 17–32.
↑Orhan Kılıç, XVII. Yüzyılın İlk Yarısında Osmanlı Devleti'nin Eyalet ve Sancak Teşkilatlanması, Osmanlı, Cilt 6: Teşkilât, Yeni Türkiye Yayınları, Ankara, 1999, ISBN975-6782-09-9, p. 91. (на турски)
Setton, Kenneth M. (1984). [[[:Предлошка:Google Books]] The Papacy and the Levant (1204–1571), Volume IV: The Sixteenth Century from Julius III to Pius V] Проверете ја вредноста |url= (help). Филаделфија: The American Philosophical Society. ISBN0-87169-162-0.