Констанца (округ)
Округот Констанца е најважниот приморски округ во Романија. Градот Констанца е единственото големо пристаниште во земјата, а во округот се наоѓаат сите познати летувалишта на Црното Море во земјата, како Мангалија, Мамаја, Ефорие и Тузла. ГеографијаМестоположба![]() Округот Клуж е приморски округ во Романија, а воедно и граничен кон Бугарија. Окружен е: РелјефОкругот се наоѓа во историската област Добруџа. Сместен е меѓу течението на реката Дунав, која го одвојува од областа Влашка и Црното Море. Во средишниот дел на округот ископан е каналот Чернавода-Негру Вода. Северниот дел на округот е рамничарски, а јужниот ридест. ДемографијаОкругот спаѓа во групата на окрузи во Романија во кои живее претежно романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 91% од населението во округот, а од останатите најбројни се Турците кои сочинуваат 3,4% од вкупното население, Татарите 3,2% и Ромите 1%. Останатите 1,4% се припадници на некоја друга етничка заедница. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia