Браила (округ)
ГеографијаМестоположба![]() Округот Браила е копнен округ во Романија. Окружен е:
РелјефОкругот се наоѓа во Влашка, поточно во нејзината јужна област Мунтенија. Релјефот во целиот округ е рамничарски. Во јужните делови од округот, по окружната граница тече реката Дунав, која го одвојува овој дел од Романија со областа Добруџа. Округот е најсушниот дел во низината, познат како Бараганска степа. Во северните делови тече реката Сирет, која претставува и граница кон регионот Молдавија. ДемографијаОкругот спаѓа во групата на окрузи во Романија во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 98% од населението во округот, а од останатите најбројни се Ромите и Русите. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia