Коприварка (пеперутка)
Коприварката или копривец (науч. Aglais urticae, syn. Nymphalis urticae) — мошне застапена шарена пеперутка која живее во умерените предели на Европа и низ цела Македонија.[1] Овој вид пеперутки честопати се среќава во градините. Гасениците се хранат со коприви, како и некои други шаренци. Возрасната пеперутка има впечатлив изглед, со темно тело и црвеножолти крила, со ред сини точки околу задниот раб. Меѓутоа од долната страна крилата им се темнокафени, што им помага да се прикријат при мирување. Во опасност, пеперутката во мирување неднаш ги отвора крилата, прикажувајќи драматична палета на бои. Ова ги исплашува младите и неискусните птици (Stevens 2005). Корзиканската коприварка (Aglais (urticae) ichnusa) е мошне слична; за жал сè уште не е утврдено дали таа е подвид или посебен вид. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia