Македонска академија на науките и уметностите
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) — национална научно-творечка установа основана на 23 февруари 1967 г. За нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески, а тековен претседател е Живко Попов.[2] ЧленствоЧленовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 35 се со статус на членови од работниот состав, а 60 се со статус на членови надвор од работниот состав. Научни одделенијаВо рамките на МАНУ функционираат шест одделенија:
Истражувачки центриМакедонската Академија има и осум истражувачки центри:
Претседатели на МАНУ
Меѓународна соработкаМакедонската академија на науките и уметностите има воспоставено соработка со поголем број академии во светот: Австриската академија на науките, Академијата за општествени науки на Австралија, Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, Академијата на науките и уметностите на Република Српска, Албанската академија на науките, Британската академија, Бугарската академија на науките, Друштвото на науките од Берлин „Лајбниц”, Естонската академија на науките, Европската академија на науките и уметностите, Италијанскиот национален научноистражувачки совет, Кинеската академија за општествени науки, Косовската академија на науките и уметностите, Кралската шведска академија за литература, историја и старини, Кралската фламанска академија на науките и уметностите, Кралското научно друштво од Лондон, Националната академијата на науките на Белорусија, Националната академија на науките на Украина, Унгарската академија на науките, Полската академија на науките, Полската академија на науките и уметностите, Романската академија, Руската академија на науките, Словачката академија на науките, Словенечката академија на науките и уметностите, Српската академија на науките и уметностите, Турската академија на науките, Унгарската академија на науките, Хрватската академија на науките и уметностите, Црногорската академија на науките и уметностите и Чешката академијата на науките. Склучените договори за меѓуакадемиска научна соработка содржат соработка на заеднички истражувачки проекти, учество на научни собири и уметнички приредби, студиски престои, размена на научни искуства, публикации и други информации. Македонската академија на науките и уметностите е редовен член на Асоцијацијата на европските академии (ALLEA), Меѓународната унија на академии (UAI), Средоземната академија, Меѓуакадемиско партнерство (IAP), Меѓуакадемискиот совет за наука (ICSU), Меѓуакадемискиот совет за Југоисточна Европа и Конференцијата на академии од дунавскиот регион. Освен со академиите со кои е воспоставена договорна научна соработка, Македонската академија на науките и уметностите комуницира и разменува мислења и искуства по разни прашања од заеднички интерес и со други странски академии и меѓународни научни организации.[3] КонтроверзиПокрај големиот број публикации, манифестации и соработки со странство, од МАНУ произлегоа неколку контроверзни проекти, како што се: „МАНУ за платформата за решавање на албанското национално прашање“, „За конструкцијата ‚Размена на територии‘“ и „Македонската енциклопедија“ во два тома.[4] Исто така, за работата на МАНУ се реагираше дека „МАНУ да се ослободи од политички канџи“,[5] немањето став за повеќе прашања од општествен, културен и политички карактер,[6][7] непримањето на помлади членови[5] и менувањето на ставот на претседателот на Академијата во однос на македонското име и идентитет, со изјавата дека договорот со Грција не е добар но дека е нужно зло“.[8][9] Публикации и изданијаМАНУ досега има издадено околу 1.690 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите. Изданијата опфаќаат поголем број на стручни монографии, зборници на трудови, научно-истражувачки проекти и студии, збирки, каталози и уметничка книжевност на македонски и англиски јазик. Каталагот на изданијата на МАНУ ги опфаќа следниве позначајни наслови:
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia