Коралноморски Острови
Територијата на Коралноморски Острови е надворешна територија на Австралија составена од група мали и претежно ненаселени тропски острови и гребени во Коралното Море. Се наоѓаат североисточно од Квинсленд, Австралија. Населен е само островот Вилис. Територијата има површина од 780.000 км2, од што најголемиот дел е океан. Територијата се протега источно и јужно од надворешниот раб на Големиот корален гребен и ги вклучува островот Хералдс Бикон, Оспреј гребенот, Групата на острови Вилис и петнаесет други гребени и островски групи. На Гребенот Като е највисоката кота на територијата. ![]() Историја и статусКоралноморските Острови биле мапирани за прв пат во 1803 година. Кон крајот на деветнаесетиот век од островите се ископувал гвано, но недостигот на пивка вода оневозможило населување.[1] Коралноморските Острови се сметаат за австралиска надворешна територија од 1969 година по донесување на Законот за Коралноморските Острови (пред тоа биле дел од Квинсленд), а територијата им се проширила во 1997 година со вклучување на гребените Елизабет и Мидлтон кои се скоро 800 км јужно од останатите острови. Островите и гребените од Големиот корален гребен не се дел од оваа територија, и му припаѓаат на Квинсленд. Надворешниот раб на Големиот корален гребен е граница меѓу Квинсленд и територијата Коралноморските Острови. Територијата ѝ припаѓа на Австралија, управувана од Министерството за инфраструктура, транспорт, регионален развој и градови во Канбера. Претходно, била управувана од Министерството за правда и судови [2] и Министерството за транспорт и регионални услуги).[3] За одбраната се грижи Австралија, а територијата често е посетувана од Австралиската Кралска Морнарица. На многу острови Австралија има поставено автоматски метеоролошки станици, а има и 200 наутички милји (370 км) ексклузивна рибарска зона. Нема економски активности (освен риболов и нуркање, кои не се квантифицирани), и има три-четири лица на островот Вилис (Јужно островче) кои раководат со метеоролошката станица, поставена во 1921 г.[4] Географија![]() Има околу 30 засебни гребени и атоли, од кои дванаесет се целосно потопени за време на плима, а останатите 18 имаат 51 островче (од кои 18 се на атолскиот гребен Лихоу). На некои има вегетација. Величината на атолите е различна, од неколку километри во пречник до вториот најголем по површина (вклучувајќи ја и лагуната) атол во светот - Гребенот Лихоу, со големина на лагуната од 100 на 30 км и површина од 2500 км2. Сите острови се многу ниски. На Вилис Островите се гнездат птици и желки, но природните ресурси кои ги содржат се занемарливи. Опфаќаат помалку од 3 км2 копно. Нема пристаниште, а бродовите можат само да се укотвуваат во близина. Повеќето атоли се делат во две групи: Северозападна и Североисточна Група, гребенот Мелиш на исток и гребените Мидлтон и Елизабет на југ се групирани одделно. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia