Риболов или рибарство — стопанска гранка чија задача е одгледување, ловење и преработка на рибите. Рибата има значајна улога во исхраната на населението. Освен тоа, во некои земји од неа се произведува вештачко ѓубриво. Луѓето ја употребуваат рибата на повеќе начини и тоа, како солена, сушена или конзервирана.
Видови риболов
Риболовот може да биде речен, езерски или морски. Најзначаен е морскиот риболов, бидејќи во морињата се лови најголемо количество риба. Во морињата и океаните рибата се лови на современ начин, со специјални мрежи и бродови, додека китовите се ловат со харпуни.