Космонаут![]() Космонаут[1][2] или астронаут[3] — лице што извршило вселенски лет или поминало посебна обука за изведба на таков лет.[4] Иако изразот првенствено се користи за професионални космонаути, тој може да се користи и за секој што патува во вселената, вклучувајќи научници, политичари, новинари и туристи.[5][6] Од 4 октомври 2007 г., 463 души (413 мажи и 48 жени) од 34 земји достигнале ниска орбита на Земјата или пошироко.[7][8] 26 од нив патувале надвор од ниската орбита на Земјата до Месечевата орбита или површина.[9] Според американската определба, 466 души стигнале до орбитата.[10] До денес, луѓето поминале 30.400 човечки часа во вселената (или вкупно околу 83 години), вклучувајќи околу 100 дена во вселенски прошетки.[11][12] До денес, личноста што поминала најмногу време во вселената е Русинот Сергеј Константинович Крикаљов. Тој поминал таму 803 дена, 9 часа и 39 минути или 2,2 години.[13][14] Сунита Вилијамс, со своите 195 дена, го држи рекордот за најдолго време поминато во вселената од жена.[15][16] Првиот космонаут бил Јуриј Гагарин. Првата космонаутка била Валентина Терешкова. ОпределбаДо 2003 г., космонаутите биле обучени и подготвени првенствено на владини трошоци, било од воени или граѓански вселенски агенции. По првиот суборбитален лет извршен од SpaceShipOne во 2004 г., била откриена нова категорија на космонаути: т.н. комерцијални космонаути. Со зголемениот интерес за вселенски туризам, НАСА и Руската федерална вселенска агенција се согласуваат да го користат изразот „учесник во вселенски лет“ за да ги разликуваат таквите космонаути од професионалните космонаути во мисиите организирани од двете агенции. Критериумите за тоа што претставува вселенски лет со екипаж разнообразуваат. Fédération Aéronautique Internationale (FAI) го определува како таков секој човечки лет над 100 км. Меѓутоа, во САД, на секој професионален, воен или комерцијален космонаут што лета на надморска височина од 80 километри или повисоко, му се доделува космонаутска значка. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia