Костанај
Костанај (казашки: Қостанай, Qostanaı; руски: Костанай) — град сместен на реката Тобол во северен Казахстан. Тој беше познат како Николаевск (руски: Николаевск) до 1895 година, а потоа како Кустанај (руски: Кустанай) до 1997 година. Костанај е административен центар на Костанајската област. Историја![]() Костанај е основан од руски доселеници во 1879 година и го добил името Николаевск, во чест на царот Николај Втори. Во 1888 година, во градот имаше повеќе од 3.000 жители вклучени во изградбата на воденица и пиварница, кои сè уште се во функција. Во 1893 година, Костанеј доби статус на град. Црвената армија ја презеде контролата во 1918 година и го смени името на градот во Костанај. Костанајската област е основан во 1936 година со административен центар во Костанај.[1] ГеографијаГрадот се наоѓа во степската зона на север од платото Тургај, во југоисточниот дел на западно-сибирската рамнина, на реката Тобол, 571 км северозападно од градот Нур-Султан (704 км по должината на автопатот). Најблискиот милионски град е рускиот Чељабинск, сместен на 260 км (300 км по должината на автопатот) северозападно од Костанај. КлимаКостанај има пријатна и летна влажна континентална клима, со топли и суви лета и студени снежни зими. Карактеристични се остри промени во температурата во текот на денот; просечната брзина на ветерот е 3,2 м/с. Врнежи годишно околу 300–350 mm, максимални врнежи се случуваат во текот на летото. Просечната годишна влажност е 71%.[2]
Население![]() На почетокот на 2020 година, населението на градот изнесувало 248 267 жители.[3]
Етнички составЕтничкиот состав на жителите на Костанај (на почетокот на 2020 година):
ТранспортКостанај е поврзан по пат со следните градови во Русија: Чељабинск, Магнитогорск, Троицк, Екатеринбург, Курган и Тјумен. Исто така е поврзан со Нур-Султан и Алмати во Казахстан. Педесет и три железнички станици превезуваат патници и товар од градот. Нафтата се доставува со железница од Русија, како и од рафинериите за нафта во Казахстан. Меѓународниот аеродром Костанај извршува чартер летови до многу градови во Казахстан, поранешните советски републики, Германија (Франкфурт и Хановер), Обединетите Арапски Емирати, Турција и други земји. Аеродромот исто така функционира како царински пункт. СпортКостанај е дом на фудбалскиот клуб ФК Тобол, кој игра на централниот стадион Костанај. ФК Тобол учествува во Супер лигата на Казахстан. Костанај исто така има кошаркарски тим, БК Тобол Костанај, кој учествува во кошаркарскиот куп на Казахстан. Градот има лизгалиште за зимски спортови. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia