Шимкент
Шимкент (казашки: Шымкент, شىمكەنت, до 1993 познат како Чимкент;[2] узбечки: Чимкент, چىمكېنت; руски: Чимкент) – град во Република Казахстан, еден од трите града кои имаат статус еднаков на област (град со државно значење[3]). Тој е трет најнаселен град во Казахстан, зад Алмати и Нур-Султан со проценето население од 1.002.291 на 1 јуни 2018 година.[1] Според регионалните и градски официјални лица, милионитиот жител на Шимкент е роден на 17 мај 2018 година.[4] Шимкент е главна железничка крстосница на пругата Туркестан-Сибир, а има и меѓународен аеродром. Градот, исто така е значаен културен центар. Шимкент се наоѓа на 690 км западно од Алмати и 120 км северно од Ташкент, Узбекистан. Потекло на поимотЗборот Чимкент доаѓа од два согдиски збора, чим што значи 'бусен' и кент што значи 'град', следователно преведено Чимкент би значел „град во трева“. По добивањето на независност, градот бил преименуван во Шимкент во 1993 година како дел од владината кампања за употреба на казашки имиња на градовите. Новото име се користи само во Казахстан, додека другите земји го користат првичното Чикмент. ИсторијаШимкент бил основан во дванаесеттиот век [5] како каравансарај за да се заштити градот Сајрам, 10 км на исток. Шимкент се развил како пазарен центар за трговија меѓу туркиските номади и Согдијанците. Неколкупати бил уништуван: од Џингис-кан, од војниците од јужните ханства и од номадските напади. Во раните години на 19 век станал дел од Кокандското Ханство. Русите го освоиле во 1864 година.[6] Бил преименуван во Чернаев во 1914 година и името Чимкент му било вратено во 1924 година. По руското освојување, Шимкент бил град на трговија меѓу номадските Турци и стационарните Турци и бил познат по својот кумис.[7] Во близина на Шимкент постоел гулаг и многу луѓе кои зборувале руски дошле во подрачјето преку затворот.[8] Во јануари 2015 година, власта на Шимкент испратила барање до УНЕСКО градот да биде прогласен за стар град.[9] До 2018 година, Шимкент бил административен центар на Јужноказахстанската Област. На 19 јуни 2018 година бил изваден од Јужноказахстанската Област и ставен директно под владата на Казахстан. Административен центар на областа станал Туркестан, а областа била преименувана во Туркестанска Област.[10] ГеографијаКлимаШимкент има континентална средоземна клима која се граничи со средоземната клима. Шимкент има топли, релативно суви лета и студени зими. Зимите тука се значително потопли отколку во посеверните градови како Алмати и Нур-Султан, со средна месечна температура за време на најстудениот месец во градот (јануари) во просек околу -1 °C. Има чести зимски снежни врнежи, иако има и. Просечните годишни снежни врнежи во Шимкент изнесуваат околу 600 милиметри.
РастителностРастителноста[12] е позната по својата екстремна разновидност. Дрвја како даб, брест, топола, јавор, врба, костен, акација, ајлант, туја, бор, смрча во градот. Широко распространети се хортикултурни култури од цреша, кајсија, слива, калинка, орев, дуња, разни сорти на грозје. На север од градот во 1980 година бил изграден „Дендропарк“. Зафаќа површина од 150 хектара и има половина милион дрвја и грмушки од 1360 различни видови. Најголемиот број од нив се ретки и егзотични видови. Демографија
Според владините проценки во 2012 година, градот броел 669.326 жители.[14]
Во 2009 година, населението на Шимкент броело На почетокот на 2015 година, на Шимкент му се приклучиле околните подрачја. Така, населението се зголемило на 858.147 жители во рамките на новите граници.[16] Во тоа време, претходното подрачје на Шимкент броело 711.783 жители [17]. На 1 јуни 2018 година, населението на Шимкент достигнало 1.002.291 жител.[1] СтопанствоПорано доминирала експлоатацијата на рудници на олово, индустрискиот раст почнал во 1930-тите години. Топилница на олово била отворена во Шимкент во 1934[18] или 1938 година.[19] Таа го задоволувала најголемиот дел од потребите од метали во СССР, бакар и олово, но и други метали, вклучувајќи и три четвртини од сите куршуми испукани од Црвена армијаЦрвената армија. Топилницата продолжила со работа до 2008 година предизвикувајќи екстремни нивоа на загадување (олово, кадмиум и др.) во околното земјиште и потоа контроверзно била рестартирана во 2010 година во рамките на една голема компанија од Обединетото Кралство, Казахмис.[18] Во градот исто така има индустрии кои произведуваат рафиниран цинк, прехранбени и фармацевтски производи. Исто така, градот има рафинерија од средна големина со која управува Петро Казахстан. СообраќајВо Шимкент функционира систем за изнајмување велосипеди со 40 станици низ градот.[20] Збратимени градови
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia