Коста Георгиевски
Коста Георгиевски ( 1916 во Брештени, Костурско - 26 јули 1947 во Аграфа, Грција) — македонски партизан, учесник во НОБ во Егејска Македонија и Грчката граѓанска војна. ЖивотописГеоргиевски е роден во 1916 г. во селото Брештени, Костурско, Егејска Македонија, денешна Грција. Уште од својата младост бил активен во прогресивните движења. Во 1938 година, за време на Метаксасовата диктатура, тој бил уапсен и затворен во градот Рупишта. За време на фашистичката окупација на земјата, Георгиевски бил меѓу првите кои се приклучиле во ЕАМ. Во 1943 г. Коста бил во редовите на ЕЛАС како командир. По Договорот во Варкиза (1945), тој и неговото семејство биле следени и малтретирани од властите. Поради тоа, тој повторно станал активен, овој пат во редовите на ДАГ, каде учествувал во многу битки. Загинал во битка кај ридот Кафки на планината Аграфа на 26 јули 1947 г.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia