Костенец (град)Оваа статија се однесува на гратче во Софиско. За останати значења, погл. Костенец.
Костенец (бугарски: Костенец) — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Костенец во Софиската Област. Има население околу 5.985 жители (2022). ГеографијаКостенец се наоѓа на околу 61 км југоисточно од Софија на железничкиот правец Софија—Пловдив—Свиленград. Во близина на Костенец се наоѓаат одморалиштето Боровец (28 км), градовите Долна Бања (8 км) и Ихтиман (17 км). Се наоѓа во подножјето на планината Рила, во источниот дел на Костенецко-Долнобанската котлина. Климата е умерено-континентална ИсторијаНаселувањето на денешниот град Костенец започнало во 1884 година со изградбата на пругата Белово—Вакарел, која била прокарана на 6 км североисточно од селото Костенец. Со изградба на железничката станица била изградена фабрика за кибрит и хартија со која се забрзувало проширувањето на новата населба. Во 1964 година населбата на железничката станица била прогласена за град. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia