Пловдив
Пловдив (бугарски: Пловдив) е град во Јужна Бугарија. Тој е вториот по големина град во Република Бугарија со 360 000 жители[1] и претставува административен центар на Пловдивска област. ГеографијаПловдив се наоѓа на 24° 45' источна географска должина и 42° 9' северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 164 m. Градското подрачје зафаќа површина од 53 км2. Низ градот тече реката Марица. Пловдив е сместен во близина на планината Родопи, во западниот дел на Горнотракиската Низина. ИсторијаАнтичкото име на Пловдив е Филипополис наречен така во чест на неговиот основач, македонскиот крал Филип. Според статистиката, од 1885 година, кон крајот на ХІХ век, градот има население од 33 500 жители, од кои - 45% Бугари, 25% Грци, 21% Турци, 6% Евреи и 3% Ерменци. По Првата светска војна на периферијата на градот се населиле многу бегалци од Македонија. Во 2011 година Пловдив има 331.796 жители. Најголемиот дел од нив се Бугари, а другите се Ерменци, Евреи, Турци, Роми, Грци и други. Во 1879 година, Пловдив е избран за престолнина на автономната област Источна Румелија, создадена со Берлинскиот конгрес во 1878 година. Од 1885 година таа е присоединета кон Бугарија, поради што Србија ја напада бугарската држава, но ја губи војната. Од Источна Румелија Османската империја го задржа само градот Крџали и неговата околина, во која тогаш живеат исклучиво Турци и која влегува во составот на Бугарија во 1912 г. ЛичностиПловдив е родното место на повеќе познати личности меѓу кои се и Панајот Пипков, Апостолос Николаидис, Христо Бонев, Стефка Костадинова, Христо Стоичков и Петар Стоjaнов. Галерија
Збратимени градовиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia