Костерхавет (национален парк)
Националниот парк Костерхавет (швед. Kosterhavets nationalpark) е првиот морски национален парк во Шведска, отворен во септември 2009.[2] Паркот се протега во општините Стремстад и Танум во покраината Бохуслен (округ Вестра Јеталанд.[3][4] Го опфаќа морското подрачје и крајбрежјето околу Костерските Oстрови, но без самите острови. На север се граничи со норвешкиот морски парк Итре Хвалер. Природа![]() ![]() Животната околина во паркот е својствена само за Шведска. Тука се присутни над 6.000 морски видови, од кои 200 ги нема на ниедно друго место во земјата. Фјордот Костерфјорд е длабок 200 м со студена вода (5-7 °C) и висока соленост (~35%). Струите од Атлантикот носат разни раменоги, сунѓери и корални ларви. Во паркот се гнездат ретки птици како поларната рибарка и поморникот, заедно со голем број на фоки. Во поплитките води на крајбрежјето се мрестат рибата-лист, бакаларот и морската пастрмка. Стопанскиот риболов е дозволен, но под посебни услови. Подрачјето е значајно како ловиште на северни ракчиња и норвешки јастози. Риболовот не е заштитен со еколошките регулативи, туку подлежи на законите за рибарење од 2000 г.[5] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
Галерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia