Кочанска Река (Пиринска Македонија)Оваа статија се однесува на река во Пиринска Македонија. За истоимената река во Кочанско, погл. Кочанска Река.
Кочанска Река[1] (Жижевска[2] или Жижовска Река[3]) — река во Неврокопско, Пиринска Македонија, десна притока на реката Доспат. Долга е 15,7 км и одводнува дел од јужните падини на Доспат Планина во Западните Родопи. Географски описРеката извира од карстен извор северно од селото Кочан. Минува низ неговото сретсело, па тече крај с. Жижево и се влева во десниот брег на реката Доспат, на надморска височина од 585 м, 1 км пред второспоменатата да премине во Егејска Македонија. По целото течение Кочанска Река минува низ длабока, слабо пошумена и соголена долина. ![]() Реално почетокот на реката се наоѓа доста посеверно, во месноста Ча(и)рџик и се нарекува Кору Дере, но во месноста Субатак (од турски: су – вода и бат – тонење) реката се влева во неколку езера, навидум немаат очигледен истек. Како понорница оди во пештери и тунели на околу 2 км понајуг во месноста Изора водата од реката одново се појавува во дното на 104-метарска пештера.[1] Опитно е утврдено дека на водата ѝ требаат 10 часа за да се придвижи од езерата Субатак до пештерата Изора. Освен на Изора, водата повторно излегува на површината уште од два поголеми извора.[4] Водата издлабила бројни пештери и канали во меката варовничка карпа. Попознати се образбите Мечкина Дупка (Меча дупка) и Јанина К’шта (Янина къща). Голем дел од изворната вода е зафатена и се користи за потребите на домаќинствата во селото Кочан. Порано од главниот извор излегувале 120 л/с, но денес обемот е значително помал. Во минатото реката била полноводна и веројатно се користела за превезување на дрвена граѓа. Денес, во поголемиот дел на годината стои пресушена. Јужно од Кочан е мошне загадена со отпад. Во реката нема риба, освен во најдолното течение. Притоки![]() Кочанска Река има неколку поголеми притоки, како и мноштво потоци и кладенци кои се слеваат во неа. Марулевска РекаМарулевска Река е поголема притока на Кочанска. Започнува од месноста Мараша, а коритото ѝ се полни главно од неколку мочурливи места, како и од неколку кладенци на тоа подрачје. По околу 3 км реката стасува до селото Марулево (Ваклиново) и минува покрај блатната месност Фрлеото. Се влева во Кочанска Река во месноста Жижевски Мост и има вкупна должина од околу 7,5 км. КартаПоврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia