Мочуриште![]() Мочуриште или мочур — област со постојано висока влажност, покриена со растителност прилагодена на конкретни услови на заситеност со вода.[1][2] Овие области се одликуваат со застоена или бавно движечка вода, натопено тло, и често определен екосистем. Сличен поим е „тресетиштето“, кое се разликува по тоа што таму се создава тресет — органски материјал што се таложи од распаѓање на растенија во услови на влага и недостиг на кислород. Некои го определуваат мочуриштето како практично секое копнено моклиште, без разлика дали е тресетиште или не (алувијални наноси, блата). Во потесна смисла, мочуриште може да значи само области каде што се случуваат мочуришни процеси, особено таложење на тресет, но ова може да се однесува и на почетни или деградирани тресетишта каде што мочуришните процеси се одвај забележливи. Мочур конкретно во македонските речници означува „влажно, мокро земјиште, со конкретна растителност; бара“.[3][4] ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia