Кошаркарска федерација на Македонија
Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), поранешни имиња Кошаркарски сојуз на Македонија и Македонска кошаркарска федерација, — врховно раководно тело на кошарката во Македонија. Раководи со машките и женските сениорски и младински репрезентации, како и со машките и женските сениорски и младински лиги и куп натпреварувања. Седиштето на КФМ е во Скопје. ИсторијаКошаркарскиот сојуз на Македонија станал членка на ФИБА на 23 мај 1993 година.[2] Во 2009 година, името на Федерацијата било сменето од Кошаркарска федерација на Македонија во Македонска кошаркарска федерација. Тој назив го носел сè до мај 2019 година, кога бил ставен службениот назив Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија согласно контроверзната политика на владејачките структури. Во март 2015 дошло до судир меѓу раководството на КФМ и дел од клубовите кои формирале Иницијативен одбор за свикување вонредно собрание на КФМ на кое би се извршила смена на претседателот Даниел Димевски. Притоа, ФИБА доставила допис до Агенцијата за млади и спорт на Македонија во врска со спорот меѓу двете страни, заканувајќи се со санкции ако не се почитува процедурата за свикување собрание на КФМ.[3] Потоа, Управниот одбор на КФМ го признал правото на Иницијативниот одбор на клубовите за свикување вонредна седница на Собранието на КФМ и донел одлука да се формира заедничка комисија, составена од претстваници на двете спротивставени страни, која би нашла заедничко решение, а со цел да се избегне опасноста од казна од страна на ФИБА.[4] За надминување на кризата во македонската кошарка, претседателот на МКФ Даниел Димевски закажал изборно собрание, кое се одржало на 27 април при што тој не поднесол кандидатура за втор мандат.[5] На изборното собрание, одржано во хотелот „Александар палас“ во Скопје, за нов претседател на КФМ едногласно бил избран Петар Наумоски. Притоа, на почетокот на гласањето, како противкандидат на Наумовски бил предложен членот на управниот одбор на КФМ Абдураим Бајрактар, кој бил поддржан од 10 члена на собранието, но потоа, тој се повлекол од изборот, поради неправилности во процедурата на пријавување. По изборот, Наумоски предложил нов состав на управниот одбор на КФМ, во состав: Абдураим Бајрактар, Илија Пенов, Сашо Босилков, Сашо Дракуловски, Тони Трајков, Даниел Воиновски, Александар Свртинов, Среќко Трајковски, Ристо Јаневски, Благоја Георгиевски - Буштур, Горан Ѓорѓиевски, Пејчо Илиев - Баџо и Анатол Кутревски.[6] Со изборот на новиот претседател не завршиле превирањата во МКФ, зашто на почетокот од јуни 2015 година, генералниот секретар Дејан Јовановски поднесол оставка, по само еден месец поминат на таа функција, а покрај него си заминал и директорот на репрезентацијата Илија Мерџановски.[7] Малку подоцна, за нов спортски директор на репрезентацијата бил поставен Заре Марковски.[8] На 31 август 2020 година, Федерацијата го сменила своето седиште од улица „Македонија“ и се преселила на улицата „Дебарца“ во населбата Дебар Маало.[1]
Домашни натпреварувањаМашка конкуренција
Женска конкуренцијаМеѓународни натпреварувања![]() Младински репрезентацииРепрезентации под 20 годиниРепрезентации под 18 годиниРепрезентации под 16 годиниРаководствоЧелници на КФМЧелниците на КФМ се[9]:
Управен одбор на КФМУправниот одбор на КФМ е во следниот состав:[9]
Досегашни претседатели на Кошаркарската федерација на Македонија
Извор:[12] Годишни признанијаНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia