Кољо Добровенски
Никола Котев или Дедо Кољо Добровенски (Добровени, 1844 — Скочивир, 8 февруари 1904) — македонски револуционер на МРО и мариовско-лерински војвода од село Добровени, Битолско. Кољо ја започнал својата револуционерна дејност како ајдутин, а подоцна влегол во редовите на МРО. Прво бил курир, а потоа и комита во четата на Марко Лерински. ЖивотописХристо Силјанов, бугарски и македонски хроничар од македонско етничко потекло, бил во неговата чета, а за Кољо тој напишал:[1]
По смртта на Марко Лерински, Кољо заедно со Ламбо Василев, Дине Кљусев и други комити се префрлаат во Костурско. Четата била предадена во Јурукот - маало во селото Крушоради, Леринско. Во битката со турскиот аскер во Крушоради од 28 септември 1902 година, Кољо Добровенски бил еден од малкутемина кои се спасуваат. За време на објавувањето на Илинденското востание, четата на Кољо била во Прилепско заедно со четата на Толе Паша. Бил учесник во борбите за ослободување на Невеска. Во село Паралово, четата на дедо Кољо водела борба со турските војски кај манастирот „Свети Ѓорѓи“.[2] Кољо Добровенски имал два сина: Ѓорѓи и Најдо. Најдо бил убиен во Крушоради во септември 1902 г., заедно со Дине Кљусев. Дедо Кољо загинал во селото Скочивир, Битолско, на 8 (21) февруари 1904 година. Шестчлената чета на Кољо била предадена од гркомани. Во битката со Турците, загинале војводата и двајца комити, а меѓу спасените бил поголемиот син на војводата - Ѓорѓи. Еден месец потоа, тој ги убил браќата Домазетови од Скочивир, посочени како предавници на четата.[3] Фолклор![]() Во македонскиот фолклор и традиција, народната песна „А бре Кољо, мамин Кољо“ (или „Ој ти Кољо, мамин Кољо“) често му е посветена, но многу поверојатно е дека таа е испеана за Никола Коев Николов, брат на ВМОРО-револуционерот Тане Николов.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia